Француски минималистички мејкап: Туторијал кој ќе го освежи вашиот изглед

Бидејќи оваа сезона во мода е минимализмот, францускиот мејкап најдобро може да ги исполни потребните услови. Што се однесува до девојките од Франција, без сомнение можеме да ги наречеме трендсетерки во модата и убавината. Но, што е толку посебно во нивните методи на шминкање? Францускиот мејкап се карактеризира со 2 елемента: Црно моливче и црвени усни. Иако тие не секогаш треба да бидат во овие две бои.

(1) Француски минималистички мејкап: Туторијал кој ќе го освежи вашиот изглед

Моливчето треба да го нагласи обликот на очите, па токму затоа и линиите мора да бидат доволно долги. Од друга страна пак, усните можат да бидат отсликани на два начина. Класичната верзија вклучува исцртување линија околу усните со молив, а потоа нанесување кармин на целата површина. Втората можност се состои од нанесување кармин или сјај без контури со моливче. Вториот начин се користи повеќе за виолетовите нијанси кармин. Да не должиме, погледнете ги следниве едноставни чекори кои ќе ви помогнат да го постигнете совршениот француски мејкап:

1. Пред сè, обрнете внимание на вашата кожа. Вашата задача е да ги скриете недостатоците на кожата, особено црвенилото и сјајот. Всушност, Французинките преферираат нивната кожа да биде совршено мат. Доколку се одлучите на ваков чекор, внимавајте вашиот тен да не биде премногу темен. Токму затоа најдобро е да користите пудра со ист тон како вашата кожа или малку посветла.

2. На капаците од очите нанесете беж бела нијанса. Можете дури да ставите и бисерна сенка, а потоа исцртајте линија со црно моливче. Доколку имате премногу светли веѓи, можете да користите кафеаво или сиво моливче. Но, немојте да претерувате бидејќи во францускиот мејкап не треба многу да се нагласуваат веѓите.

3. На трепките нанесете два слоја црна маскара.

4. Францускиот мејкап е составен од совршено нашминкани усни бидејќи токму тие се оние кои привлекуваат внимание. Пред сè, ставете на усните малку проѕирна пудра, а потоа нагласете ги контурите околу усните со моливче и останатиот дел обојте го со мат кармин. За да ги обоите и борите на усните, користете посебна четка за кармин.

5. За крај, нагласете ги и јаболкниците со нежно руменило.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар