Фенг шуи мапа за богатство: Овие мали промени во домот ќе ви донесат изобилство, успешна кариера и углед

Фенг шуи мапа за богатство: Овие мали промени во домот ќе ви донесат изобилство, успешна кариера и углед

Ако сакате да ослободите проток за позитивна енергија во вашиот дом, треба да ги следите принципите на фенг шуи што се запишани во Багуа мапата. Багуа е едно од главните средства за фенг шуи што се користи за анализа на енергијата на кој било простор. Секое поле на оваа мапа е поврзано со некој аспект од вашиот живот, а експертите за фенг шуи имаат напишано значајни упатства за унапредување на вашите финансии и на вашата кариера.

Фенг шуи мапа за богатство: Овие мали промени во домот ќе ви донесат изобилство, успешна кариера и углед

Ова не значи дека треба да го фрлите целиот мебел и целосно да го промените изгледот на вашиот дом, но со мали трансформации и додатоци, направете го вашиот дом центар на изобилството и на просперитетот.

Поле во Багуа мапата за привлекување изобилство, богатство и пари

1. Во вашиот дом нека доминираат следните бои: виолетова, црвена, златна и сина.

2. Предмети што привлекуваат изобилство: уметнички дела, вазни, статуи, бамбус, садови за овошје, огледало со златна рамка, правоаголни предмети, слики што ги покажуваат вашите желби за иднината (нова куќа, нов автомобил, дестинација на која сакате да патувате и сл.).

3. Водата во домот привлекува просперитет – аквариум, фонтана или украсен водопад.

Поле во Багуа мапата за привлекување успех, богата кариера и углед

1. Во домот треба да доминираат боите на моќта – црвена и портокалова.

2. Истакнете ги следните предмети: награди, дипломи, трофеи, свеќи, слики на кои е истакнато сонцето и предмети во форма на пирамида. Се верува дека каминот во дневната соба е симбол на просперитетот.

3. Ако сакате добра репутација, слава и успешна кариера, во домот треба да доминираат дрвени предмети.

Прочитајте ги и овие совети што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар