Еве како да уживате во храната и да ја зачувате вашата линија

Еве како да уживате во храната и да ја зачувате вашата линија

Сакате да уживате во сласните залаци, но исто така сакате да го зачувате вашето згодно тело и да ги спречите здодевните килограми да се вратат назад. Време е да се запознаете со балансологијата – вештина која ни помага да уживаме во храната, а да ја задржиме фит линијата. Дознајте како да одолеете на предизвикувачкиот, брз начин на живот и притоа да останете во фит форма.

1-eve-kako-da-uzhivate-vo-hranata-i-da-ja-zachuvate-vashata-linija=www.kafepauza.mk_

1. Не постои храна од која се дебелееме

Балансологијата бара паметен однос помеѓу внесувањето храна и физичката активност. Колку калории внесуваме, толку мора да потрошиме со физичката активност. Така јо-јо диетите кои го исцрпуваат организмот стануваат минато, бидејќи организмот започнува природно да ја регулира тежината. „Доколку редовно вежбате, може да јадете и да пиете сè што ќе посакате, но во умерени количини“, советува д-р Љубиша Кнежевиќ, нутриционист.

2. Нема баланс без активност

Вашите енергетски потреби варираат врз база на физичките активности во текот на денот. Секое движење предизвикува согорување на калории, па без физички активности енергетскиот баланс е невозможен. „Што повеќе вежбате – повеќе ги развивате мускулите, а што повеќе мускули имате – потребни ви се повеќе калории“, додава д-р Кнежевиќ.

3. Уживајте пред сè

Не е страшно некогаш да паузирате и да уживате во храната. Најголемата грешка што можете да ја направите е прескокнувањето на оброците. Сепак треба да водите сметка за калориите, бидејќи нивниот број за постигнување енергетски баланс е индивидуален – ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, тоа ќе се одрази со зголемена телесна тежина и обратно. Совет од нутриционистите: доволно е да се измерите еднаш неделно за да ги држите килограмите под контрола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар