Есен на вашата трпеза: Кремаста супа со сланина и кромид

Со паѓањето на температурите и доаѓањето на пократки денови, сега е совршено време да внесете малку топлина и удобност на вашата трпеза. Оваа кремаста супа со сланина и кромид е одличен начин да ја започнете сезоната на есенски супи со едноставен рецепт кој дава вкусен резултат.

Есен на вашата трпеза: Кремаста супа со сланина и кромид

Потребни состојки:

  • 4 парчиња сланина
  • 1 среден кромид (ситно сечкан)
  • 1 чешне лук (мелен)
  • 125 г брашно
  • ¼ лажичка сушена мајчина душичка
  • ½ лажичка сол
  • 1 литар пилешка супа
  • 240 г павлака
  • 125 г рендан пармезан
  • ½ лажичка мелен црн пипер
  • ¼ до ½ лажичка табаско сос
  • ситно сечкан свеж пипер за украсување

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере пржете ја сланината околу 6 до 7 минути. Оставете настрана, а потоа исечкајте ја.
  2. Ставете го сечканиот кромид заедно со сланината во тава и пржете околу 10 минути. Потоа додајте го лукот.
  3. Потоа додадете го брашното, мајчината душичка, солта, мешавината со кромидот и варете на средно-тивок оган за 2 минути. Додајте ја пилешката супа и мешајте додека состојките не се комбинираат.
  4. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и оставете уште 5 минути за да згусне. Потоа додадете ги павлаката, пармезанот и варете 1 до 2 минути. Ако супата е премногу густа додадете малку вода.
  5. Украсете со свеж пипер или по желба.

Погледнете го и овој рецепт за крцкави ќофтиња од компири и сирење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар