Ефективни и необични трикови што даваат одлични резултати: Како ја одржуваат својата убавина жените ширум планетата?

Секој дел од светот има своја култура, свои обичаи, но и тајни на убавината што се пренесуваат од колено на колено. Сигурно постојат некои трикови или состојки во вашето семејство во коишто жените се колнат дека им го подобруваат изгледот, а ова се примери на разни тајни за убавина низ светот.

Ефективни и необични трикови што даваат одлични резултати: Како ја одржуваат својата убавина жените ширум планетата?

Оризот се користи за измазнување на брчките во Јапонија

Оризот е богат со антиоксиданти, па Јапонките го користат за да ги намалат брчките и да го хидрираат лицето. Ако сакате да имате свиленкаста кожа, измешајте две лажици ориз (или оризово брашно) со една лажица шлаг. Нанесете ја маската на лицето и исплакнете ја по 20 минути. Ако имате сува кожа, ставете малку масло од јојоба на кожата пред да ја нанесете маската.

Ајдучката трева ги лечи изгорениците од сонцето

Ајдучката трева е честа состојка во кремовите за лузни, стрии, акни и проблематична кожа, а коренот на ајдучката трева има и антиинфламаторно дејство. Не заборавајте да понесете ваков крем со смирувачки ефект кога одите на одмор за да го користите против изгореници.

Сол и масло за мазни петици

Гркинките се препознатливи по својот карактеристичен нос, но и по мазната кожа, што ѝ ја должат на медитеранската исхрана. Целото тело може да „скокне“ во мешавина од маслиново масло и шеќер, а за пилинг на петиците измешајте масло и јадра морска сол.

Јогуртот ги намалува порите

Ласи е традиционално индиско освежувачко јадење на база на разреден јогурт. По ручекот, жените ги чуваат остатоците и ги користат за да ги неутрализираат зголемените пори на лицето. По будењето, тие го прскаат лицето со јогурт и потоа темелно го плакнат со ладна вода.

Грозје и брашно по забавата

Чилеанците се познати како љубители на виното, а црното грозје е добро и за кожата. Винова лоза и две лажици брашно е сè што ви треба за да ја спасите уморната кожа, особено по забавата или по непроспиената ноќ.

Лук и лак за цврсти нокти

Лукот е многу добар за ноктите, а оваа тајна ја откриле жените од Доминиканската Република. За да имате цврсти нокти, исечкајте го лукот колку што е можно поситно и со помош на чепкалка за заби ставете го во шишенце со лак за нокти и оставете го да стои 7-10 дена.

Прочитајте како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар