Едноставни начини да го зголемите вокабуларот на вашето дете

Едноставни начини да го зголемите вокабуларот на вашето дете

Од „бебешки“ говор до читање приказни, па сè до кажување на имињата на предметите, нема нешто што не би му помогнало на вашето дете да го развие својот говор. Сепак, за родителите кои сакаат да го забрзаат процесот, или пак за оние кои се загрижени за задоцнет говор, експертот Кели Лелонек споделува неколку совети со кои ќе го збогатите вокабуларот на вашето дете.

Едноставни начини да го зголемите вокабуларот на вашето дете

На која возраст обично децата преминуваат од кажување 1 збор кон повеќе?

Повеќето деца почнуваат да комбинираат зборови помеѓу 18 и 24 месеци. Тие почнуваат да користат комбинации од 2-3 збора, како на пример „Гледај куче!“ или „Погали го мачето“. До 24 месеци, повеќето деца користат помеѓу 50 и 200 зборови.

Дали „редот“ на раѓање има врска со тоа колку брзо или бавно детето ќе почне да зборува?

Влијанието на „редот“ на раѓање врз говорот сè уште се дебатира. Нема доказ за доцнење на говорот кај децата кои се родени подоцна. Редот на раѓање создава разна средина за учење на јазикот кај секое дете, но тоа не е одлучно.

Што може да биде причината за неразвивање на говорот помеѓу 18 месеци и 2 години?

Нарушувањето на развојот на говорот и јазикот е честа причина за доцнење на говорот кај децата. Секогаш треба да се провери и слухот на детето. Интелектуалната неспособност исто така може да предизвика доцнење на говорот. Ако се сомневате во нешто вакво, секогаш консултирајте се со вашиот педијатар.

Кои се најлесните начини со кои родителите може да им помогнат на децата да го подобрат својот вокабулар?

Најпрво, родителите треба да одредат што недостасува во вокабуларот на детето. Детето мора да знае над 50 зборови пред да почне да ги комбинира. Проверете дали вашето дете знае именки, глаголи, придавки, присвојни заменки и прашални зборови. Потоа користете ја стратегијата на „експанзија“. Односно, кога вашето дете ќе каже нешто, повторете го тоа и додајте го зборот што недостасува. На пример, ако вашето дете каже „Куче“, вие кажете „Големо куче“. Ова можете да го правите повеќе пати и секогаш да додавате различни зборови. Целта на родителот треба да биде детето да го стигне следното ниво на комплексност.

Кога е идеално време да се работи на ова?

За време на капење, хранење, читање или играње. Односно, кога и да е во текот на денот.

Погледнете ги и зборовите кои ќе направат да звучите попаметно на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар