Едноставен трик за справување со одбивањето

Едноставен трик за справување со одбивањето

Без разлика дали некој ја одбил вашата покана за состанок или не сте успеале да направите нов бизнис договор, одбивањето може да биде навистина болно. Без разлика како го гледате, навистина боли кога другите ќе ви свртат грб. Одбивањето влијае на вашата самодоверба, па сигурно ќе се сомневате во себе по ваков настан.

Едноставен трик за справување со одбивањето

Не постои магичен трик за справување со одбивањето. Сепак, постојат трикови што ќе ви помогнат да го направите справувањето многу полесно.

Трикот не е да ги следите вашите резултати, туку бројот на одбивања. Кога ќе ги претворите одбивањата во игра со броеви („Ми требаат 99 одбивања за да добијам потврден одговор“), ќе почнете да го гледате одбивањето како мерка за продуктивност и напредок.

Ова е едноставна промена, а вашата перспектива и начинот на којшто размислувате може да направи огромна разлика.

Нема секогаш да знаете колку одбивања ќе ви требаат за она што сакате да го направите. Но можете да го користите трикот за собирање податоци и потоа да го откриете бројот, односно колку одбивања сте доживеале додека да добиете потврден одговор, или можете да претпоставите, да видите како функционира со одреден број и оттаму да се прилагодите.

Па, ако барате состанок, дајте си задача да поканите одреден број луѓе. Ако сте на интервју за работа, претпоставете колку луѓе се интервјуирани, па потоа испратете резиме на толку работни места.

Се разбира, нема потреба да го знаете точниот број. Целта на овој трик е што оваа перспектива ви го менува мислењето за одбивањето и ве охрабрува.
Ова ќе ви помогне да преземете нешто бидејќи ќе знаете дека резултатите ви се на дофат.

Без разлика што се обидувате да направите, сепак треба да се соочите со одбивање и да излезете надвор. Нема друг пат. Со користењето на овој трик ќе ја отстраните емоционалната напнатост која доаѓа со одбивањето и ќе се фокусирате на успехот.

Дознајте и како да го побарате и добиете она што го сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар