Едноставен трик за прекрасна брановидна коса

Едноставен трик за прекрасна брановидна коса

Доколку не сте премногу талентирани за обликување на својата коса или пак, немате време да го правите тоа, а отсекогаш сте им се восхитувале на другите девојки, тогаш дефинитивно мора да ја пробате оваа фризура. Овој начин на обликување на косата е многу брз и едноставен. Сè што ви е потребно е пегла за коса и неколку препарати за заштита од топлината, вклучувајќи и лак за коса.

Едноставен трик за прекрасна брановидна коса

Започнете со одвојување 2 прамена коса кои не мора да бидат премногу тенки, па од таму насочете се и кон останатиот дел од косата. Целта е да ги замотате прамените еден околу друг, а потоа да поминете низ нив со пеглата за коса. Трикот е во тоа да не ги одмотате веднаш, туку прво да им дозволите да се оладат, а потоа да ги разделите. Косата обликувана на овој начин ќе изгледа сјајно, природно, лесно и совршено. Погледнете го следниот туторијал кој дополнително ќе ви ја објасни оваа процедура.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар