Еден поразличен појадок: Овесна каша со тиквички и поширани јајца

Ако секој ден го имате истиот појадок, време е да експериментирате и да пробате нешто поразлично.

Еден поразличен појадок: Овесна каша со тиквички и поширани јајца

Потребни состојки:

  • 1 мала тиквичка или половина од една голема
  • 1 млад кромид
  • 3 до 4 лажици овесни снегулки
  • 180 милилитри вода
  • 1 јајце
  • сланина (по избор)
  • сол, оригано и зачини по избор
  • маслиново масло
  • свеж магдонос

Начин на подготовка:

  1. Излупете ја тиквата, изрендајте ја и исцедете ја. Потоа исечкајте го кромидот во тиквичките и пржете многу малку во маслиново масло. Ако сакате, додадете и сланина. Додадете зачини по избор.
  2. Потоа додадете ги овесните снегулки и убаво измешајте ги со тиквичките и гответе околу 30 секунди на тивок оган.
  3. Во друг сад зовријте ја водата, а јајцете го претходно сте го ставиле во еден сад, сега ставете го во водата, а потоа нежно извадете го.
  4. Кога овесната каша ќе стане кремаста таа ќе биде готова. Додадете го јајцете одозгора, украсете со магдонос и уживајте.

Погледнете го и овој рецепт за пире од карфиол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар