Еден и едноставен клуч за среќна љубовна врска

Еден и едноставен клуч за среќна љубовна врска

Поголемиот дел од оние кои се во врска сакаат да знаат што можат да направат за да го подобрат својот однос со партнерот. Сите тие тежнеат кон личност која ќе направи да се чувствуваат вредно, но сепак остануваат во врска каде што не го добиваат тоа. Зарем е прифатливо да сте со личност која не прави да се чувствувате на овој начин? Дури и ако се надевате дека со тек на време нештата ќе се сменат?

Еден и едноставен клуч за среќна љубовна врска

Не. Основата на секоја врска е љубовта. Но, паралелно со неа треба да чувствувате и ценење, почит, доверба, привлечност… Сите овие емоции треба да бидат взаемни и да предизвикуваат и двајцата да се чувствувате дека вредите. Доколку не ги добивате овие нешта во врската, тогаш зошто сè уште сте во неа? Размислете како сте се однесувале на почетокот. Дали сè уште ги правите истите мали нешта кои ги правевте тогаш? Ако не, зошто?

Малите нешта кои ги правите во врската најчесто се иницијатори на поголемите, бидејќи тие покажуваат дека сте подготвени да се потрудите за вашиот соиграч без која било друга причина освен вашата желба да ја направите оваа личност посреќна. Вам не треба да ви бидат потребни посебни прилики или дата на календарот со цел да ја искажете вашата љубов. Сè што ви е потребно е само љубовта. Или посреќна врска. Токму затоа секојдневно одвојувајте малку време со цел да направите нешто мало што ќе му покаже на вашиот партнер дека се грижите и го/ја цените.

Живеењето во денешно време е тешко, нештата знаат да станат хаотични и да избегаат од контрола, но постојаниот напор е оној кој ќе ја одржува вашата врска цврста. Вие двајцата заедно треба да се борите против сите предизвици кои ќе ви излезат на патот. Среќните врски не траат доколку никој не се труди. Имајќи го тоа на ум, не мора да правите големи нешта. Доволни се само 30 секунди да му/ѝ испратите порака која ќе го/ја насмее. Не се потребни пари за да го/ја бакнете на средината од неговата/нејзината реченица. Дали сè уште го/ја прегрнувате кога шетате? И мажите и жените имаат своја одговорност. Доколку некој не ги исполнува вашите стандарди за начинот на кој сметате дека треба да се однесува кон вас во врската, тогаш мора да го кажете тоа јасно и гласно со цел да можете да разговарате и да ги подобрите нештата.

Вие можеби не го сфаќате тоа сега, но да се биде неутрален или генерално апатичен во врската исто така може да доведе до негативни резултати. Дури и кога несвесно го правите тоа, ако не се чувствувате посакувано може да биде исто како и да се чувствувате непосакувано. Слободно поставете си повисоки стандарди. Доколку вашата врска почне одлично, но по некое време вашиот партнер почне поинаку да се однесува кон вас, тоа не значи дека се променил туку дека едноставно го открил својот вистински лик. И секако, доколку не вложувате труд секојдневно да правите тој или таа да се чувствува посебно, тогаш врската без сомнение ќе има негативен исход. Животот е премногу краток да се помине покрај личност која не ве цени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар