Ѕвездени колачиња за сладок дочек на Новата година

Љубов на прв поглед

Потребни состојки:
  • 300 грама брашно
  • 200 грама путер
  • 100 грама шеќер
  • 2 кафени лажички ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 50 грама мармалад (за најдобар вкус: од кајсии или сливи)
Начин на подготовка:

Измешајте ги брашното, путерот, шеќерот и јајцето и направете тесто што потоа ќе го замотате во фолија и ќе го ставите во фрижидер на еден час за да се олади. Потоа извадете го и направете ги формите со ѕвезден калап. На половина од нив, со помал ѕвезден калап, отстранете ја средината, па наредете ги врз оние што се целосни така што нема да ги покриете краците.

Ставете ги да се печат во однапред загреана рерна на 180 степени Целзиусови и почекајте 10-тина минути. Извадете ги од рерната, оставете ги да се оладат на собна температура и потоа ставете им го мармаладот во средината. На крај просејте шеќер во прав и послужете.

Ако сакате да добиете поинтензивен вкус, во оригиналниот рецепт додајте изрендана кора лимон, прстофат цимет и смелени бадеми.

Внесете го новогодишниот дух во вашиот дом и со помош на овие медени колачиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар