Дознајте кои жени најмногу уживаат во сексот

Дознајте кои жени најмногу уживаат во сексот

Сите сме ги чуле приказните за тоа дека сексот во бракот или во подолгите врски станува рутина. Според тие приказни, во најдобар случај сексот се практикува еднаш неделно.

Но, факт е дека секој брак и секоја врска се различни и дека вашиот сексуален живот ќе биде онаков каков што вие самите ќе го направите. Сепак постои едно најново истражување кое тврди дека еден тип жени уживаат во магијата на сексот малку повеќе од останатите.

Дознајте кои жени најмногу уживаат во сексот

Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Флорида и вклучувало 278 брачни парови, а резултатите покажале дека жените кои се среќни, опуштени и подготвени на компромис, имаат повеќе секс од другите. Интересно е тоа што особините на мажот не влијаат на тоа колку често се практикува сексот во бракот.

Учесниците во истражувањето имале задача да водат дневник за сексуални активности во текот на две недели, додека истовремено на нив биле извршени одредени тестови на личноста. Исто така, тие морале да ги оценуваат сексуалните односи со оценка од 1 до 7.

Во просек, паровите воделе љубов три до четири пати во период од 14 дена, но жените кои по природа биле посмирени, односно помалку невротични, повеќе уживале во овие активности. Висината на неврозата имала голема улога во доживувањето задоволство, односно сопружниците кои покажале поголем степен на невротичност помалку уживале во сексот.

Оттука може да се извлече заклучок дека кога жените ќе запловат во брачните води или ќе влезат во сериозна врска, мораат да се опуштат и да не дозволуваат стресот и сомнежот да преовладаат со нив, туку едноставно безрезервно да се препуштат на задоволството и целосно да уживаат во сексот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар