Дознајте кои се 7-те навики на најстабилните љубовни парови

Партнерите во секоја љубовна врска одвреме-навреме се соочуваат со проблеми. Понекогаш надворешните влијанија имаат големо влијание, па така секојдневните стресови можат да ја нарушат хармонијата во врската. Единствената разлика меѓу силните и слабите парови е стабилноста, односно способноста да ги поправат односите со многу труд. Ова се 7-те навики на најстабилните љубовни парови…

Дознајте кои се 7-те навики на најстабилните љубовни парови

1. Не се обвинуваат меѓусебно

Лесно е да го обвините партнерот кога вашата врска ќе почне да се распаѓа. Но, на тој начин веројатно и партнерот ќе почне да ве обвинува вам, а тоа нема да ве одведе никаде. Стабилните парови тргнуваат од себе и се прашуваат „Што можев да направам поинаку?“ или „Што можам да направам за да ги поправам работите“. Тие не очекуваат од другата личност да се промени. Многу поважно им е да ја зачуваат врската отколку да докажат дека се во право.

2. Можат да ја согледаат хумористичната страна на тешките ситуации

Секојдневните притисоци и одговорности поврзани со финансиите, грижа за децата и работата понекогаш доведуваат до конфликт и тензија. Најстабилните врски се оние во кои партнерите можат со помош на хумор да ја пренасочат непродуктивната комуникација. Тие се обидуваат да ја пронајдат смешната страна дури и на најлошите ситуации.

3. Бараат помош кога им треба

Секоја врска се соочува со одредени предизвици и понекогаш партнерите не можат сами да ги надминат сите пречки кои им се нашле на патот. Потребна е голема храброст за да се побара помош, особено за мажите. Но, понекогаш треба да се побара поддршка и мислење од стручни експерти за да се одржи врската во живот.

4. Не се плашат да бидат ранливи

Стабилните парови ги споделуваат нивните емоции без страв да покажат ранливост. Тие меѓусебно си ги доверуваат стравовите и надежите и се обидуваат да го разберат партнерот и да покажат сочувство. Партнерите мора отворено да разговараат и да се потпрат еден на друг особено во стресни периоди.

Дознајте кои се 7-те навики на најстабилните љубовни парови

5. Не очекуваат од партнерот да им ги чита мислите

Стабилните парови користат зборови, а не читање на мисли. Тие поставуваат дополнителни прашања за да го разјаснат она што го зборува партнерот наместо да прават претпоставки на своја рака. Повеќето караници и повредени чувства се резултат на недоразбирање и погрешно толкување на она што саканиот или саканата го кажале. Но, доколку кажете „Извини, мислам дека не те разбирам, ќе можеш да ми појасниш?“, ќе можете да ги одбегнете бесмислените конфликти.

6. Тие не ги игнорираат туку ги решаваат проблемите

Обидете се да се водите по следнава реченица „Ти не си проблемот. Јас не сум проблемот. Проблемот е проблемот и заедно можеме да го решиме“. Кога ќе се случи нешто лошо, партнерите обично почнуваат да се обвинуваат меѓусебно. Она што би требало да го направат е да ја признаат сопствената грешка, бидејќи за караница се потребни двајца.

7. Искрено посакуваат да одат напред

Тешките периоди можат да го извлечат најлошото од партнерите. Некои проблеми, како што е изневерувањето, може да ги заглави паровите во едно болно место и на тој начин да ја спречи врската да напредува. На пример, некои луѓе имаат ментална листа на сите грешки што ги направил партнерот. Потоа, кога ќе наидат на некаков предизвик, тие не разговараат само за моменталниот причинител на болка, туку на секоја мината грешка. Стабилните парови ја насочуваат енергијата така што се обидуваат да ја придвижат врската напред, наместо постојано да се враќаат назад.

Доколку и вие сакате да зачувате стабилноста на вашата врска, прочитајте кои се 5-те навики на среќните парови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар