Дознајте кои луѓе имаат најбогат сексуален живот

Според истражувањето објавено во списанието „The British Journal of Psychology“, луѓето кои поседуваат 2 одредени карактерни особини имаат најбогат сексуален живот. Имено, во истражувањето учествувале испитаници без љубовен партнер, односно 192 слободни жени и 105 слободни мажи.

Дознајте кои луѓе имаат најбогат сексуален живот

Учесниците морале да направат низа тестови за да се одреди поврзаноста меѓу алтруизмот (однесувањето чија цел е да се помогне на другите без да се очекува ништо за возврат) и успехот во љубовта, односно љубовните врски и сексуалниот живот.

Резултатите од истражувањето покажале дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот и се најзадоволни од истиот. Кај машките испитаници тоа вклучува и поголем број партнерки за секс без обврски. Истражувањето не дало причина зошто испитаниците се толку мотивирани да им помагаат на другите, но без разлика на тоа, добиените резултати се уште еден доказ дека добродушноста и несебичноста секогаш се исплаќаат.

Докази за тоа дека добрината и несебичноста се привлечни особини во сексуална смисла на зборот постојат и во историјата, попрецизно во периодот на ловечко-собирачкиот начин на живот. Мажите кои својот плен великодушно го споделувале со целото племе биле сметани за најпожелни животни партнери од страна на жените.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар