Докторите предупредуваат: Секоја инфекција во бременоста е опасна!

Гинеколошките инфекции се најопасни во текот на бременоста, затоа понекогаш е неопходна и употреба на антибиотици. Терапијата што не е дозволена според инструкциите за употреба на бремените жени се користи само ако лекарот потврди дека користа е поголема од потенцијалната штета. Затоа, бремените жени не смеат да се лекуваат сами, па дури ни со вагиналетки.

Некои антибиотици често се препишуваат во почетокот од бременоста, додека други не се користат во првите 10 недели, поради потенцијалните негативни ефекти на фетусот.

„Терапијата не е иста за секоја бремена жена, бидејќи се спроведува во однос на дијагнозата, возраста на жената и некои други околности, како што се системските хронични заболувања, шеќерната болест или честите инфекции на уринарниот тракт“, вели професор д-р Ана Митровиќ Јовановиќ.

Најчестата појава за време на бременоста е прекумерното зголемување на секретот и локалните инфекции, што можат да бидат габични или бактериски. Инфекциите, како што се кандида, ешерихија коли и ентерококи се најбројни, а веднаш по нив се наоѓаат и уреаплазма, клебсиела, протеус и стрептококи. Тие можат да ја искомплицираат бременоста ако не се лекуваат соодветно.

„Сите инфекции кои на прв поглед изгледаат безопасно може да доведат до значителни компликации поради специфичните околности во бременоста. Понекогаш дури и промената на вагиналната флора може да биде причина за бактериска вагиноза, што потоа може да предизвика проблеми. При промена на Ph вредноста на вагината и намалувањето на киселоста, се создаваат услови за прекумерно ширење на микроорганизми, кои во други околности нема да го нарушат здравјето. Во бременоста може да доведе до инфекција, која може дури и да го загрози плодот“, предупредува д-р Јовановиќ.

„Поради близината на вагината, ректумот и уретрата, инфекциите во бременоста често се мешаат и се движат од уринарниот до вагиналниот дел. Ректумот како област во која се насобираат разни бактерии за време на бременоста, често е извор на инфекции на вагината. Затоа, посебно внимание се посветува на спречување со помош на пробиотици, правилен хигиенско-диететски режим и правилен начин за одржување на хигиената“, објаснува д-р Јовановиќ.

Инфекциите во бременоста можат да доведат до компликации и за време на породувањето, но и по него.

Најчестите последици од неизлечените и непознатите инфекции се спонтан абортус, предвремена хемиграфија на полот и предвремено породување. Понекогаш постои можност за ширење на инфекцијата од вагината преку грлото на матката до фетусот, каде што е можно да се заразат и плодовата вода и самиот фетус.

Се препорачува да се направат брисеви пред планираната бременост, и тие да се повторат два до три пати пред породувањето. Со овој вид превенција е потребен соодветен хигиенски режим и режим за исхрана.

„Пиењето незасладени течности, правилната исхрана, примената на антиоксиданти и соодветните додатоци во исхраната можат да направат голема разлика“, вели д-р Јовановиќ. Исто така, препорачливо е да се користат презервативи за време на сексуалниот однос и да се избегнуваат локални терапии на своја рака, како што се вагиналните прогестерони. Зајакнувањето на имунитетот и употребата на пробиотиците можат значително да го намалат ризикот од инфекции во бременоста. Важно е да се знае дека поради специфичноста на бременоста, неопходно е што побрзо да се излечи инфекцијата, а не да се чека породувањето, особено ако станува збор за рецидив.“

Ги прашавме експертите: Колку вода е потребно да се пие за време на бременоста?

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар