Добрите девојки финишираат последни: зошто е во ред да бидете сингл

Добрите девојки финишираат последни: Зошто е во ред да бидете сингл?

Сите ваши луди пријателки веќе имаат момчиња, а вие постојано заглавувате во „пријателската зона“. Постојано трчкате по „лошите момци“ со нивните кожни јакни и лоши навики. Ги обожавате алфа момците кои не се плашат да го грабнат она што сметаат дека им припаѓа. Се однесувате добро кон нив, а тие ве гледаат само како пријателка. Ја барате вината во себе? Се прашувате зошто сте сингл? Немојте. Сепак изреката: „Подобро сама отколку во лошо друштво“ е вистинита, само некои тоа го сфаќаат порано, а некои подоцна. Еве 10 причини зошто е убаво да сте сами.

0-dobrite-devojki-finisiraat-posledni-zosto-e-vo-red-da-ste-singl-kafepauza.mk

1. Имате организиран живот

Девојките како вас ги поминуваат ноќите учејќи/работејќи на важни проекти кои ќе резултираат со голем успех во иднина. Имате многу активности поради кои сте постојано зафатени. Вие никогаш не сте посегнале по цигари, а имате мерка со алкохолот. Знаете да комуницирате со луѓето и имате широки познавања од сите полиња. Еден ден ваквите особини ќе ви се најдат многу корисни.

2. Немате многу емоционални лузни

Сите имаме т.н. емоционални лузни кои некогаш знаат да нѐ изместат од колосек. Сепак треба да се радувате на тоа што не сте завршиле бремени на 15 години, со 5 деца на 33 години и што не сте се откажале од соништата. Исто така, уште една причина за радост е што не сте завршиле со некој идиот кој не сте сигурни ни дали има средно образование. Затоа секогаш гледајте позитивно на работите.

3. „Вистинските“ момчиња ве сакаат

Можеби го чекате „совршениот“ целиот ваш живот, но верувајте дека и тој ве чека вас. Тој може да биде фино момче кое постојано заглавува во „пријателската зона“ исто како вас или можеби тоа ќе биде некое од „лошите момчиња“ кое е спремно да се стабилизира кога ќе ја пронајде вистинската девојка. Но тој постои и кај да е, верувајте дека ќе го сретнете и конечно сѐ ќе биде како што треба.

4. Знаете што сакате

Едноставно не сте очајни и не одите со секое момче кое ќе ви се „пушти“. Имате одредена слика во главата за тоа како еден маж треба да се однесува и изгледа и тоа е во ред сѐ додека имате реални очекувања.

5. Си посветувате доволно време себеси

Затоа што сте сингл, тоа ви дава можност повеќе да се истражите и да се запознаете себеси. Имате доволно време да ги прочитате сите книги и да ги изгледате сите филмови, имате време за фитнес и време кое им го посветувате на пријателките. Кога сте во врска, многу повеќе се посветувате на потребите на партнерот и остварувате компромиси.

6. Искрено сте среќни

Иако можеби сега се чувствувате несреќно и се плашите дека веројатно ќе завршите сами со куп мачки околу вас, сепак сте искрено среќни и задоволни со тоа кои сте и што сте. Чувствувате големо задоволство поради личноста која станавте со текот на годините и успесите кои сте ги постигнале. Вашата сопствена среќа е важна за вашата самодоверба. А, важно е да бидете среќни, иако вистинскиот маж сѐ уште не пристигнал во вашиот живот.

7. Позрели сте од останатите

Осамените ноќи значат дека го поминувате времето размислувајќи и созревајќи. Не сакате да бидете во врска со момче кое еден ден ве сака, а другиот ден ве понижува. Не сакате да зависите од некој кој цело време ќе ви ја поткрева самодовербата. Позрели сте од останатите на ваша возраст и тоа е многу важно и значајно, а ќе дојде маж кој ќе знае да го цени тоа.

8. Тој навистина ќе ве цени

Кога конечно ќе го добиете тоа што го сакате, ќе сфатите дека целото време кое сте го поминале сами вредело. Поради вашите моќни квалитети и зрелоста која ја поседувате конечно ќе се појави маж кој ќе го цени тоа. Освен тоа, тој ќе ве сака, добро ќе се однесува кон вас и нема да остави никој да ве украде од него бидејќи премногу му значите. Само мора да бидете трпеливи.

9. Вашата врска има поголеми шанси за долготрајност

Кога веќе ќе бидете во врска со некој на кого му верувате, поголеми се шансите таа да трае долг временски период. Нема да се задоволите со помалку од она што го заслужувате и не сакате некој на кој не вреди да трошите ни минута од вашето време. Среќникот кој ќе биде со вас е момчето кое бара повеќе од флерт и забава за една вечер. А, вашата емоционална зрелост ќе ги зголеми шансите за долга врска исполнета со љубов, меѓусебно разбирање и поддршка.

10. Не се задоволувате со помалку од она што го заслужувате

Сте имале време да дознаете многу работи за себеси и сте сфатиле дека да се биде во врска која не води никаде едноставно не вреди. Сакате интелигентен маж кој е згоден и културен, исто како што сте вие. Го сакате вистинското нешто, целосниот пакет со сите работи кои вие искрено ги заслужувате. Нема ништо суетно во тоа, туку тоа е знак дека се цените и сакате себеси доволно за да не оставите да пропаднете во нешто што не вреди и не ви прилега.

4-dobrite-devojki-finisiraat-posledni-zosto-e-vo-red-da-ste-singl-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар