Диетата не мора да биде скапа: 6 евтини намирници кои ќе ви помогнат лесно да ослабите

Сувата аронија е одличен додаток за здравата исхрана, но таа е навистина многу скапа. Токму затоа и многумина мислат дека здравата исхрана и диетите сами по себе подразбираат и празнење на домашниот буџет. Но, вистината е дека постојат и намирници кои иако се со прифатлива цена сепак даваат фантастични резултати. Погледнете за кои станува збор…

Диетата не мора да биде скапа: 6 евтини намирници кои ќе ви помогнат лесно да ослабите

1. Вода

Водата е скоро бесплатна, но дури и да купувате изворска нема да ве чини многу. Тоа што многумина не го знаат е дека најевтината диета всушност се состои од зголемено консумирање вода. Вие би требало секојдневно да внесувате околу 2 литра вода во вашиот организам со цел да го исчистите од штетните токсини.

2. Зелка

Овој зеленчук е преполн со витамин Ц и има исклучително малку калории, па токму затоа е и главната ѕвезда во некои од најпопуларните диети. Зелката можете да ја јадете во сите облици и воопшто да не се грижите дека ќе го надминете вашиот буџет за исхрана.

3. Грав

Во една чинија грав се наоѓаат 17 грама хранливи влакна, со минимален број масти. Тој изобилува со протеини и содржи дел од хранливите материи кои се неопходни за правилно функционирање на организмот, како калциумот, калиумот и манганот.

4. Јогурт

Сигурно досега ја имате чуено изреката: „Ако сте гладни, напијте се чаша јогурт“. Бидејќи тој има ниско количество калории, а изобилува со калциум и млечни протеини, многу е здрав за вас и вашето тело. Со цел да заштедите уште повеќе, можете да купите поголемо пакување јогурт кое потоа ќе можете да го искористите за повеќе оброци.

5. Јаболка

Ова овошје е преполно со антиоксиданси, витамини, хранливи влакна (особено ако се јаде со кора) и содржи мал број масти и калории. Токму затоа и јаболката се одличен избор за ужина кога сте на диета. Јадете по 2 јаболка одеднаш со цел да останете подолго време сити.

6. Јајца

Зарем има нешто подобро од јајца за појадок? Тие не само што имаат достапна цена, туку и содржат доволно протеини, масти и јаглехидрати, правејќи ги совршениот избор за појадок кој ќе ве одржува сити до следниот главен оброк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар