Девојки, опуштете се: Ниеден маж не се грижи за овие 8 нешта за време на секс

Девојки, опуштете се: Ниеден маж не се грижи за овие 8 нешта за време на секс

Во ерата на холивудските, музичките, а и порно ѕвездите, сите жени сакаат да изгледаат совршено исто како нив. Дури и кога станува збор за женскиот репродуктивен орган. Но, колку всушност мажите обрнуваат внимание на тоа?

0-devojki-opushtete-se-nieden-mazh-ne-se-grizhi-za-ovie-8-neshta-koga-spiete-so-niv-kafepauza.mk

Девојки, опуштете се, кога е вагината во прашање, нормално е да се прашувате дали сѐ е во ред таму долу, дали ви е доволно убава и дали ќе му се допадне на партнерот, но не претерувајте опседнувајќи се, затоа што мажите никогаш не се грижат за овие 8 нешта:

1. Фризура – Важно е подрачјето да е одржувано, а како, тоа не е важно.

2. Срамни усни – Некои се големи, некои мали, некои скриени, некои изложени. За мажите тоа е само дел од вагината.

3. Големина – Веројатно никаде на светот не постои екстремно тесна или екстремно широка вагина и тешко дека токму вашата е меѓу нив.

4. Боја – Тоа е вагина и таа е во онаква боја баш каква што би требало да биде!

5. Мирис – Факт е дека секоја вагина има свој мирис, па така и вашата, но тоа не значи дека тој мирис им е непријатен на мажите. Ако водите сметка за хигиената, сѐ ќе биде во ред.

6. Влажност – Не е битно колку ќе се навлажните за време на сексот, па дури ни ако тоа е премногу. Мажите се убедени дека тоа се случува поради нив, па ако имаат какво било мислење околу тоа, тогаш тоа ќе биде позитивно.

7. Сувост – Само затоа што имате потреба од лубрикант не значи дека тој не е способен да ве запали. Едноставно, во ред е да сакате да имате решение за оние денови кога ви е потребно малку екстра влага.

8. Време – Не би требало да ве загрижува времето што ви е потребно за да свршите. Едноставно опуштете се, препуштете се и уживајте!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    losa statija

Остави коментар