Дерматолозите објаснуваат како вежбањето помага во борбата против акните

Дерматолозите објаснуваат како вежбањето помага во борбата против акните

Долгото трчање сигурно не е првото нешто што ви паѓа на ум кога станува збор за проблеми со акните. Да, елиминирањето одредени видови храна, како на пример, шеќерот, може да ви помогне да избегнете појава на дел од акните, исто како и квалитетните продукти за нега на кожата. Но, бидејќи акните се појавуваат поради воспаленија, потребно е подолготрајно решение.

Дерматолозите објаснуваат како вежбањето помага во борбата против акните

Редовното вежбање го намалува нивото на кортизол, па токму затоа и ги намалува сите видови воспаленија во телото, меѓу кои и акните. Во продолжение прочитајте за целосната поврзаност помеѓу акните и физичката активност.

Редовното вежбање и чистата кожа

Во вашата потрага по чиста кожа, главната цел треба да ви биде намалување на воспаленијата. Како и секое друго нарушување на воспаленијата, за да се справите со него, мора да најдете начин да го држите под контрола. Редовното вежбање ги намалува хормоните на стресот како адреналинот и кортизолот, додека истовремено го зголемува ендорфинот, на тој начин подобрувајќи го вашето расположение и намалувајќи ја перцепцијата за болка.

Но, имајте на ум дека е клучно да најдете вежба што ќе ја сакате, бидејќи така ќе добиете многу поголеми резултати отколку кога би вежбале нешто што го правите на сила.

Што ако не сте вежбале подолго време?

Без разлика дали сте нови во светот на физичката активност или пак, сте направиле подолга пауза, првите тренинзи можат да доведат до зголемување на акните. И покрај тоа што вежбањето може да го зголеми кортизолот, оние што редовно вежбаат со тек на време се навикнуваат на тоа. Едноставно не прекинувајте, и влошувањето на акните ќе се претвори во чисто, мазно и сјајно лице.

Како да се грижите за кожата по вежбањето?

Грижата за кожата по вежбањето е клучна доколку сакате таа да ви биде сјајна и здрава. Токму затоа и туширањето е задолжително, а обновувањето на енергијата со протеини и јаглехидрати е и повеќе од потребна. Што е можно побрзо соблечете ја облеката и истуширајте се. Ако не сте во можност за туширање, избришете го лицето со тоник за чистење на кожата.

Од друга страна пак, никако не вежбајте со шминка на вашето лице, особено ако содржи силикон бидејќи ќе ви ги згуши порите и ќе создаде бариера што нема да дозволи да се потите. Оваа навика води кон интензивна појава на акни. Исто така ако користите продукти за косата на база на силикони или минерално масло, соберете ја така што нема да ви го допира лицето.

Тоа е тоа. Повеќе вежбање води кон почиста кожа! Време е да се запишете во теретана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар