Дали сте претерано добра личност? Негативните страни на оваа позитивна карактеристика

Да се ставите себеси на прво место и на својот трон во вашиот живот можеби ќе ви звучи себично или ќе мислите дека ќе ве нарекуваат себични, но тоа се само верувања кои ни се всадени низ годините на растење, училиштето и влијанието на другите луѓе, заради кои сметаме дека е подобро прво да ги задоволиме потребите на нашите блиски, а потоа да се посветиме на сопствените. Ако остане време, што најчесто не се случува. На тој начин многу лесно се запоставувате и вашата добрина ви станува најголемиот непријател така што ви ја одзема мотивацијата, инспирацијата, трпението, расположението, самодовербата… во краен случај можете дури и да развиете депресија. Па, како да ги спречите негативните несакани последици од добрината?

1-dali-imate-sindrom-na-predobra-lichnost-kade-prestanuva-dobrinata-a-se-sozdava-niskata-samopochit-www.kafepauza.mk_

Усреќете се прво себеси за да можете да ги усреќите другите

Како ќе созревате, така подобро ќе сфаќате дека секогаш треба да се ставите себеси на првото место. Кога вашите потреби се на првото место, ќе можете со чисто задоволство и желба да ги задоволите и потребите на луѓето кои ги сакате и цените. Можеби некогаш некоја ваша блиска личност ќе ви напомени дека секогаш прво се грижите за себе. Можеби тоа ќе ве заболи, но ќе сфатите дека подоцна ќе бидете среќни што таа личност е во право. Немојте погрешно да разберете, вие секако ќе обожавате да им помагате на другите личности, да им правите услуги, да им го дадете вашето срце и да делите сѐ, но никогаш немојте да го правите она што не се поклопува со вашите желби и потреби.

Можеби во вашето опкружување ќе се сретнете со многу жени кои ќе направат сѐ за секого, и сите тие се прекрасни, успешни жени кои се мили и драги кон сите… освен кон самите себе. Можеби на прв поглед тоа не се забележува, бидејќи помагањето на другите ги усреќува, но нивните срца и умови се преполни со замерки кон себе, грешки кои никогаш не би си ги опростиле и отворени врати кои никогаш не ги затвориле, сѐ со желба да бидат предобри личности.

3-dali-imate-sindrom-na-predobra-lichnost-kade-prestanuva-dobrinata-a-se-sozdava-niskata-samopochit-www.kafepauza.mk_

Каде е границата?

Каде престанува добрината и започнува ниската самодоверба е тешко да се одреди. Може да кажеме дека тоа е прилично индивидуално за секого од нас и дека нашата внатрешна свест многу добро знае каде престанува желбата за сопственото задоволување, а започнува желбата за задоволување на другите. Понекогаш задоволувањето на потребите на другите може да биде резултат на ниска самодоверба, а понекогаш само желба да им се допаднеме на сите. Верувајте ни, не се родила личност која им се допаѓала на сите што ја запознале. Најважно е да се допаѓате на себе, а потоа сѐ останато. Не можете да го дадете она кое всушност го немате, зар не?

Токму затоа, жените кога танцуваат најпрво тргнуваат од стравот од неуспех и желбата да задоволат нечии очекувања. Она што ние се обидуваме да ги научиме е да танцуваат исклучително за себе и заради себе, исто како што е медитацијата исклучиво за себе и заради себе. Тоа бара одредено време и соочување со себе, бара развој на самопочитта низ прифаќање на своето тело во почетокот, а подоцна прифаќања на вистинските ние и сите делови од својата личност.

2-dali-imate-sindrom-na-predobra-lichnost-kade-prestanuva-dobrinata-a-se-sozdava-niskata-samopochit-www.kafepauza.mk_

Љубовта кон другите започнува со љубовта кон себе

Кога ќе се прифатите себеси, онакви какви што сте, полека започнувате да ги забележувате сите ваши добри страни, вашите предности и учите како да ги славите. Притоа мислиме и на славење на вашата убавина, внатрешната и надворешната. Дури потоа се вртите кон своите недостатоци и полека дознавате дека и тие се прекрасни. И, последната работа која што ќе ја доживеете е опростувањето. Сите ние правиме грешки и кога-тогаш некого, најчесто ненамерно, ќе го повредиме со нашите постапки. Ако сѐ уште не сте се освестиле и не се започнале со развивање на самодовербата, тогаш настапува вината, самопонижувањето и изостанува она најважното – опростувањето на самите себе.

Работејќи на вашето тело, работите и на слободата на духот, емоциите и личноста. И тоа многу брзо се забележува. Кога ќе започнете да се ставате себеси на прво место, да ги славите вашите предности и да ги сакате вашите недостатоци, ќе танцувате имајќи го на ум само вашето чувство, а не туѓите очекувања. Тогаш телото станува флексибилно, флуидно, опуштено… А, помошта која ја давате ќе ја давате и после тоа, само што таа ќе биде поискрена. Сакајте се себеси, за да можете да ги сакате другите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар