Дали момците навистина сакаат кул девојка покрај себе?

Згодна, паметна, интересна и секогаш расположена за секс! Дали момците најмногу размислуваат за овие видови девојки? Да бидете кул значи и да бидете згодна, прекрасна, забавна и интелигентна личност која понекогаш следи фудбал, нема проблем да изеде хамбургер по полноќ, ниту пак се срами да излезе во тренерки до град, но кога треба да се дотерате, изгледате како да сте спремни за црвениот тепих. Девојките кои се кул постојано се расположени за секс и сакаат да пробаат сè помеѓу чаршафите, како и надвор од нив и токму затоа сите ќе бидат љубоморни на оној кој успеал да најде ваква личност.

Дали момците навистина сакаат кул девојка покрај себе?

Но, дали тоа е навистина така? Погледнете ги вистинските причини поради кои мажите сакаат да се во врска со оваа митска девојка, како и дали е можно да се биде кул додека истовремено сте и задоволни и среќни со вашиот живот.

1. Партнер за фудбал

Сигурно и вие сте чуле дека желбата на сите мажи е покрај себе да имаат девојка со која можат да го гледаат натпреварот на омилениот тим, да коментираат за спортистите и самата игра исто како покрај нив да е нивниот најдобар пријател. Ова звучи одлично, но тоа дефинитивно не е фактор кој ќе ви помогне да му го освоите срцето.

Момците не бараат кај девојките личност со која ќе гледаат фудбал, бидејќи сигурно веќе го имаат тоа во својот живот. Како и сите останати човечки суштества на овој свет, тие од девојките бараат личност со која ќе делат нежност и од која ќе добиваат внимание. Па, доколку навистина сакате да гледате фудбал, супер, но доколку не го сакате овој спорт и немате навика да го пратите, не грижете се, нема потреба да го правите тоа.

2. Секс машина

Не е тајна дека мажите постојано фантазираат за секс. За многу секс. За многу луд секс. Некои мажи немаат граници и сакаат покрај себе девојка која ги дели нивните фантазии, бидејќи сакаат да се фалат со своите сексуални подвизи. Но, девојките кои ги одбираат за оваа улога во нивниот живот најчесто се само дел од авантура која брзо ќе ја надминат.

На долг рок, тие бараат девојка која ќе биде одлична во кревет, но која надвор од него ќе биде вистинска и недопирлива дама. Момците признаваат дека единственото нешто кое не го сакаат е лаги, особено кога тие се меѓу чаршафите, па ако сакате да експериментирате, слободно кажете му го тоа, но ако сте поконзервативни, бидете искрени со него. Во секој случај, тој ќе го добие тоа што навистина му е потребно – искреноста.

3. Жешка девојка, полна со разбирање

Понекогаш, за да бидете секси, доволно е да облечете само една обична маичка во комбинација со фармерки и искрено да се насмеете. Што ни кажува тоа? Не е потребно секој пат да изгледате совршено со цел да ја добиете етикетата „жешка“. Исто така не е потребно секој пат да сте полни со разбирање и толеранција само затоа што се верува дека токму тоа го прави една кул девојка.

Совршениот изглед и совршеното однесување во секоја ситуација делува вештачко и ретко кој успева да се носи со тоа. Секоја чест на исклучоците кои успеваат секогаш да бидат и физички и психички подготвени, но верувајте, на момците им е секси дури и кога сте со разбушавена коса и имате мали напади на паника поради нешто за кое сте се подготвувале веќе некое време во приватниот или професионалниот живот. Тие сакаат покрај себе човек, а не робот.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар