Дали имате секс со вистинската личност?

Дали имате секс со вистинската личност?

Постојат сè повеќе лоши врски и лоши односи помеѓу партнерите, но тие сепак, поради некои причини решаваат да останат заедно. Дури и покрај тоа што знаат дека не функционираат добро. Зошто? Бидејќи тие постојано се во потрага по оној знак кој ќе им покаже дека сè што се случува вреди за нивниот труд. Па, доколку сакате да откриете дали покрај вас се наоѓа мажот кој е вистински за вас, тогаш погледнете ги следниве 8 знаци кои укажуваат на тоа…

Дали имате секс со вистинската личност?

1. Се чувствувате пријатно и слободно кога сте во кревет со него, дури и покрај тоа што можеби не сте задоволни со себе.

2. Покрај него се чувствувате толку пријатно во својата кожа, што воопшто не ви е проблем ниту да имате секс со вклучено светло или во текот на денот.

3. Кога станува збор за секс со него, вам ни најмалку не ви е непријатно затоа што не сте во можност да ги изведете сите оние пози кои го фасцинирале додека заедно сте ги проучувале.

4. И двајцата не се срамите да разговарате точно што сакате, а што не во сексот.

5. Во вашиот сексуален живот нема место за себичност и двајцата сте пресреќни кога го задоволувате другиот.

6. Кога не е покрај вас, мечтаете за секс со него и ги споделувате вашите фантазии, а тој со воодушевување ја прифаќа играта.

7. Токму поради него се чувствувате одлично во својата кожа, додека пак никогаш не ви недостасуваат неговите бакнежи, допири, секси погледи и комплименти.

8. И за крај, вашиот сексуален живот е исполнет со неверојатни, силни и чести огразми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар