Чизкејк во чаша: Лесен рецепт за летно уживање

Најомилениот летен десерт, подготвен на наједноставниот и најбрз начин за кој не треба ни да ја вклучите рерната

chizkejk-vo-chasha-lesen-recept-za-letno-uzhivanje-kafepauza.mk

Потребни состојки за основата:

50 г интегрални бисквити
25 г путер, омекнат на собна температура

Крем:

100 г густ јогурт
50 г тазе крем-сирење
75 г слатка павлака
1 лажица шеќер во прав

Прелив:

250 г јагоди
1 лажица шеќер
1 лажица цеден сок од лимон

Начин на подготовка:

1. Бисквитите измелете ги и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на заоблениот дел од лажицата. Ставете ги чашите во замрзнувач додека го подготвувате остатокот.

2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не постане цврста, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додајте ја изматената слатка павлака. Сите состојки нежно измешајте ги додека не се соединат. Кремот додајте го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу 1 час.

3. Во меѓувреме свежите јагоди исечкајте ги на ситно и префрлете ги во тенџерче, додајте ги шеќерот и лимоновиот сок и варете на ниска температура околу 10 минути со константно мешање. Смесата оставете ја да се олади, а потоа додајте ја врз вториот слој од крем во чашите. Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите.

Совет:

Овошјето во преливот можете да го замените по желба, но со крем-сирење најмногу одговараат киселкасти ситни плодови како вишни, малини, капини и сите видови бобинки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар