Целото учење на Буда во една фраза

Целото учење на Буда во една фраза

Кога го замолиле да го сумира учењето на Буда во една фраза, Сузуки Роши едноставно рекол: „Сè се менува.“

Целото учење на Буда во една фраза

Секој знае дека целата креација е во фаза на бескрајна промена. Грчкиот филозоф Хераклит рекол:

„Истиот човек не може да ја помине истата река два пати, бидејќи и човекот и реката се промениле.“

Непостојаноста е самата природа на животот. Всушност, промена е само друг збор за живеење. Да живеете значи да се менувате. Но многу малку луѓе се навистина свесни за овој факт. Го сфаќаме, но ова знаење нема влијание на нашето однесување. Едноставно ги игнорираме нештата.

Алан Вотс го споредувал животот со музиката. Според него, целта на музиката е самата музика. Луѓето сакаат да ја слушаат поради ритамот и мелодијата. Никој не ја слуша музиката за да го слушне нејзиниот крај. Истото е и со животот.

Целта на животот е да живеете, да бидете вклучени во мелодијата. Мелодиите се како тек, постојано се движат. Не можете да ги оградите. Кога ќе го направите тоа текот престанува, а тоа е смрт.

Единствениот начин да се вклучите во мелодијата е преку свесност. Едноставната свесност е флуидна. Едноставниот ум се губи во музиката, додека самоцентрираниот се обидува да ја сопре. Пренапорно се обидуваме да го слушнеме она што сакаме да го слушнеме, наместо да се движиме со музиката и да живееме. Стоиме како слушател кој се обидува да ја фати музиката. Сакаме да биде наша, да се идентификуваме со неа.

Не е доволно само да уживате во музиката. Мора да ги знаете и зборовите. Па, постојано ја паузирате песната, ја враќате со цел да ја направите сеќавање и да тврдите дека е ваша. Од егото произлегува чувство на идентитет. Наместо да ужива во концертот, егото прави фотографии за да може да ги покажува подоцна. Реката на животот постојано тече, но за егото промената е застрашувачка.

Егото го чува секое сеќавање од кое има профит. Во егоцентричниот ум нема простор за дишење. Но длабоко во себе егото знае дека сето тоа може да се руши. Ова го прогонува и му предизвикува параноја и несигурност.

Оваа несигурност ја „финансира“ опсесија на егото за собирање сеќавања. Егоцентричниот ум е зависен, а оваа зависност е за избегнување на просторот и промената.

Па, егото мора да се гледа себеси како далечно нешто. Мора да се оддели од животот. Одделувањето е основата врз која се гради егото. Како резултат тоа е хронично незадоволно и безживотно. Покрај незадоволството, размислете за сите проблеми кои ќе настанат ако се гледате како остров или статично битие во свет кој тече.

Нештата се менуваат, но реката не е единственото нешто што се менува. Според Хераклит се менува и човекот. Но егото се гледа себеси како непроменливо.

Размислете за транзицијата од сингл во врска. Кога сте сингл развивате животен стил каде што не треба да се грижите за друга личност. Но кога на тоа ќе додадете нова личност, не можете да функционирате со истиот распоред. Ситуацијата е промената, а распоредот е застарен.

Кога вашето јас е фиксирано битие или навика, оваа транзиција може да биде тешка. Ако се држите до застареното, врската ќе ви изгледа клаустрофобична. Несигурноста ќе продолжи да расте и на крај врската ќе исчезне.

Она што го мислиме за себе е предизвикано од промена. Многу луѓе сметаат дека не требало да се менуваат за да бидат во врска. Но ако не се откажете од личноста којашто сте биле, тогаш не сте во врска. Всушност, ако не се откажувате од личноста којашто сте секој ден, тогаш не сте живи. Да бидете живи значи да бидете во постојана фаза на промена. Промената на ситуациите има влијание на вашето однесување. Ова ќе ви овозможи да примате нови информации и да го промените вашиот поглед кон светот. Штом ќе се отворите кон промената, транзицијата станува многу полесна.

Отворениот ум е ум што не ѝ дава отпор на промената. Отворениот ум дозволува да биде рефлексија на промената. Мора да го прифатите фактот дека не можете да бидете среќни со тоа што ќе го присилите животот да игра по ваши правила. Мора да видите дека животот е промена, промената е живот, дека овие две работи се едно исто нешто.

Залуден е обидот да ги организирате непостојаните феномени во постојани категории. Покрај тоа, вие не сте поразлични од оваа промена, вие сте живот. Вие сте промената. Вие не сте набљудувачи на животот, вие се движите со неговиот тек.

Прочитајте ги и овие цитати од Буда кои нема да ве остават рамнодушни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар