Брзо опоравување на кожата и косата – подготовка за зима

Пред 50-тина години, жените ја миеле косата со пепел и ја плакнеле со вода во која додавале оцет. Дождовната вода се собирала во корито во кое биле потопени листови од ореви и оваа вода служела за капење. Народните рецепти за нега се сè попопуларни, но се модификувани и поедноставени за примена, бидејќи пепелот е достапен само за оние кои се греат со цврсто гориво, а дождовницата не е чиста како што била, поради општото загадување на природата.

1-brzo-opravuvanje-na-kozhata-i-kosata-priprema-za-zima-www.kafepauza.mk_

За да ја опоравите косата, која обично ја миете на секои два дена и ја третирате со шампони и регенератори полни со хемикалии, применувајте го едноставното упатство засновано на старите рецепти кое вели да користите само вода во која ќе додадете јаболков оцет, сода бикарбона или лимонов сок. Од ова вашата коса ќе биде посјајна и помалку ќе се масти, а ефектите ќе ги забележите веднаш по неколкуте „еколошки“ третмани.

2-brzo-opravuvanje-na-kozhata-i-kosata-priprema-za-zima-www.kafepauza.mk_

За нега на кожата на лицето се препорачува маска од зелен чај, која може да ја припремите на повеќе начини. Еден од нив е во мал сад да помешате 3 мали лажички зелен чај со 2 мали лажички кафеав шеќер и 1 мала лажичка која било хранлива крема. Маската ставете ја на лицето и оставете ја да делува 15 минути, а потоа исплакнете со вода – топла, а потоа ладна. Вашето лице ќе заблеска!

Уште еден начин за да направите маска од зелен чај е прво да го приготвите чајот, а потоа да ја исечете кесичката и содржината да ја помешате со малку мед. Оваа маска треба да стои десеттина минути.

3-brzo-opravuvanje-na-kozhata-i-kosata-priprema-za-zima-www.kafepauza.mk_

Чајот кој го приготвивте можете да го испиете, но со него може и да го измиете лицето. Зелениот чај е богат со антиоксиданси, делува антибактериски и премногу е делотворен во борбата против масната кожа – спречува појава на митесери и акни и ги исушува веќе постоечките акни.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар