Брзо и лесно: Вкусна торта со кајсии во којашто можете да уживате овој викенд

Сподели

Кајсиите се кралици на летното овошје!
Потребни состојки:

rn

    rn 011

    Реклама
  • 100 грама кајсии (може да ја адаптирате дозата по ваш вкус)
  • rn 011

  • 4 јајца
  • rn 011

  • 150 грама мелени бадеми
  • rn 011

  • 100 грама брашно
  • rn 011

  • 100 грама путер
  • rn 011

  • 100 грама шеќер
  • rn 011

  • 2 кафени лажички прашок за печива
  • rn 011

  • Лебни трошки
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnДобро измијте ги кајсиите, извадете им ги семките и исечкајте ги на мали парчиња. Намачкајте ја тавата за печење со путер и посипете ги лебните трошки. Стопете го путерот на тивок оган, па во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и бадемите. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот.

Кога растопениот путер малку ќе се олади (не смее да биде топол), додајте го во смесата со јајцата и шеќерот, измешајте, па додајте ја и смесата со брашното. Повторно добро измешајте.

Префрлете ја добиената смеса во тавата и на врвот распоредете ги исечканите кајсии. По желба, можете да ставите дел од нив и во тестото. Ставете ја тортата во рерна претходно загреана на 180 степени Целзиусови и печете околу 30 минути. Таа ќе биде готова кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на тавата и кога врвот ќе ѝ добие златножолта боја.rn

Дополнителен совет:

rnБадемите можете да ги замените и лешници или ореви или пак, целосно да ги изоставите. Во тој случај зголемете ја количината брашно на 200 грама.

Пробајте ги и овие рецепти за одлични и вкусни десерти со јагоди!

Најново

Може ќе ве интересира