Бидете трпеливи, љубовта доаѓа и кон вас

Бидете трпеливи, љубовта доаѓа и кон вас

Еден ден тој ќе ве пронајде, ќе ве прегрне и ќе ви каже дека му е жал што го немало толку време. Ќе ви ја фати раката на начин на кој ќе ви покаже дека тој е вистинскиот. Потоа ќе ви каже зошто сте поминале толку време сами.

Бидете трпеливи, љубовта доаѓа и кон вас

„Искачив толку многу планини што не можам ни да ги избројам и поминав многу долини меѓу нив. Минував низ темни тунели кои беа толку долги што мислев дека никогаш нема да ја видам светлината. Понекогаш помислував дека никогаш нема да излезам од темнината. Тоа се периоди кога поминав многу ноќи спиејќи на студената земја. Но, одвреме-навреме заспивав на прекрасен кревет и вдишував свеж воздух под ѕвезденото небо. Често се прашував дали и ти го гледаш и дали и твоите очи светкаат така. Сега знам дека светат посилно.“

Ќе се насмее, ќе ве бакне повторно. Овој пат ќе разгори пламен низ целото ваше тело и ќе продолжи да ви зборува.

„Преживеав долго одење низ пустината сам. Но секогаш кога мислев дека не можам да продолжам, се појавуваше водопад што ми ја гаснеше жедта. Мислам дека моите духовни водичи беа одговорни за тоа. Еднаш заменив дел од моето срце за бамбус, за да го изградам сплавот на животот и се упатив кон немирното море. Речиси се удавив, но нежните бранови ме вратија на брегот. На плажата под прекрасните палми бакнав ангел кој ми даде сила да продолжам понатаму. Таму ги позајмив и крилјата од еден ѓавол. Ми кажа да не летам превисоко, преблиску до сонцето. Но, не ми кажа дека летањето ниско е уште поопасно. Речиси повторно паднав во океанот, но безбедно стигнав на копно и веднаш му ги вратив крилјата. Изгледа не секогаш ги донесував најдобрите одлуки. Жал ми е за некои нешта што сум ги направил, но ги направив за да те пронајдам тебе. Ти имам ли кажано колку си убава?“

Потоа ќе направи пауза која ќе трае навидум цел живот. Ќе ви се восхитува, а потоа ќе заврши.

„Еве што е интересно. По патот најдов храброст, добрина и сочувствителност. Научив да барам помош и да ја кажувам вистината без страв. Научив да слушам, да правам компромис, да љубам, да простувам и да заборавам. Научив да го прифаќам непознатото, да се грижам за себе, но најмногу од сè, научив да се сакам. Вистината е дека најдов нешто многу поголемо од она што мислев дека го барам. Се пронајдов себеси. А потоа те најдов тебе.“

Во тој момент ќе разберете дека можеби причината што не сте биле подготвени е тоа што не бил подготвен ни тој. Сите ние сме на патување и кога ќе дојде вистинскиот момент, вашите патишта ќе се вкрстат. Ќе се сретнете и ќе се препознаете. Ќе ги споделите вашите приказни, добрите и лошите и ќе продолжите да се движите држејќи се за рака и доживувајќи нови авантури.

Па, следниот пат кога ќе изгубите надеж за љубов, следниот пат кога ќе се запрашате каде е тој, не заборавајте дека доаѓа. Испратете му ја целата љубов во вашето срце. Бидејќи еден ден ќе можете да му кажете дека тоа сте биле вие. Вашата љубов била водопадот што му ја изгаснал жедта, нежниот бран што го вратил на брегот, ангелскиот бакнеж што го натерал да продолжи. Потребни му се вашите љубов и сила сега и кога ќе ве сретне. Продолжете да се движите, отворете го срцето, тој веќе наближува кон вас.

Ако целосно сте ја изгубиле надежта, овие вистински љубовни приказни ќе ве потсетат дека љубовта од бајките навистина постои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар