Бело или црно грозје – Кое е поздраво?

Грозјето делува како природен тоник за организмот, го забавува стареењето, односно спречува деменција и дегенеративни очни болести… И црното и белото грозје претставуваат еликсир на младоста, но за добар сон, заслужно е само едно од нив… Иако постојат бројни сорти, повеќето од нас знаеме само за бело и црно грозје.

Бело или црно грозје – Кое е поздраво?

Црно грозје

Црното грозје треба да биде што потемно, скоро црно, а кога гроздот ќе се потресе, зрната не треба да испаѓаат. Лушпата на црното грозје е многу вредна бидејќи ги обликува фенолните супстанци кои му даваат боја и вкус, а на луѓето им дава здравје. Исто така содржи резвератрол, антоцијанин, катехини и кверцетин полифеноли.

Придобивките од овие оксиданти се:

  • Ги уништуваат штетните супстанци, како и слободните радикали кои можат да предизвикаат тумор.
  • Ги заштитуваат артериите, намалувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести.
  • Го намалуваат згрутчувањето на крвта и лошиот холестерол.
  • Позитивно влијаат на менталните и други функции на мозокот, намалувајќи го ризикот од мозочен удар.

Црното грозје треба да се јаде почесто и поради калиумот, манганот, витамините Ц, Б1 и Б6. Но, исто така и поради изобилството на растителни влакна, калциум и железо. Истражувањата покажале дека црното грозје го зголемува нивото на мелатонин, хормонот кој е неопходен за добар сон.

Бело грозје

Белото грозје е слично во многу работи со црното. Има приближно иста енергетска вредност, што значи околу 20% шеќер, но во однос со црното грозје, белото е посиромашно во фенолини. Исто така, не е богато како црното ни со калциум, ни со калиум.

Погледнете ги и кои се сите здравствени придобивки од грозјето?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар