Анксиозните луѓе откриваат 10 нешта кои им помагаат да се смират

Анксиозноста ни малку не е наивна состојба со која личноста треба да се избори. Методите од типот „број до 10“ и „диши длабоко“ не се баш едноставни за реализација. Но, оние луѓе кои се соочуваат со анксиозност, имаат свои начини за контролирање на оваа состојба. Прочитајте ги во продолжение – тие и вас можат да ви бидат од корист во некои ситуации.

Анксиозните луѓе откриваат 10 нешта кои им помагаат да се смират

1. Возење автомобил

Возењето автомобил ѝ помага личноста да се концентрира на патот, па на тој начин таа нема време претерано да размислува за другите нешта што ја мачат.

2. Слушање аудио книга

На овој начин личноста се концентрира на содржината на книгата и на информациите кои ги дава оној што ја чита, па така си ја опушта психата.

3. Готвење

Готвењето може да биде механизам за опуштање и „чистење“ на главата. Поминувањето време во кујната може да ви донесе мир и релаксација, а згора на тоа, од вашето готвење може да произлезе и нешто многу вкусно.

4. Пеење

Можеби ќе ви звучи чудно, но пеењето во себе на јавни места, како во супермаркет или пошта, може да ви помогне во борбата против анксиозноста. Пеењето има способност да го одржува нормалниот ритам на срцевите отчукувања, па на тој начин го решава проблемот со анксиозноста.

5. Броење метални парички

Некои луѓе велат дека во моменти на напад на анксиозност, ја ставаат раката во џеб и почнуваат да бројат монети. Звукот на тропкање со ситен метал може да делува смирувачки.

6. Топол или ладен пијалак

Пијалакот може да биде топол или ладен, сеедно е. Разликата во температурата ќе ѝ влијае на личноста да стане повнимателна и поконцентрирана, па за момент да заборави на грижите. Ова е трик кој го препорачуваат и психолозите.

7. „Свеќа“ – задржување на телото на рамења

Оваа вежба што сите ја имаме правено како деца, помага да се видат нештата од сосема поинаква перспектива. Притоа се опуштаат и телото и умот.

8. Држење ладен портокал

Држењето ладен портокал во раце помага да се концентрирате на самиот облик и на температурата на ова овошје. Забрзаните отчукувања на срцето се успоруваат, мислите се смируваат и личноста се опушта.

9. Разговор со растенија

Разговарањето со растенијата на вашата тераса или во домот, нивното пресадување, средување и грижата за нив може да ви ја намали тензијата и да ги смири вашето тело и ум. Звучи необично, но ефикасно е.

10. Шминкање

Шминкањето може да ви помогне со анксиозноста, и притоа не мора да имате план за излегување или друга прилика за тоа. Тоа е како уметност којашто ја изразувате на вашето лице и на тој начин ги изнесувате вашите емоции, додека истовремено се разубавувате.

Прочитајте ги 4-те знаци дека е време да побарате помош за вашата анксиозност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар