Алкохолни коктели за новогодишната ноќ

Алкохолни коктели за новогодишната ноќ

Ако славите Нова година со друштво во домашна атмосфера и сакате прославата да ви остане долго во паметење, можете да ја зачините во креативен дух.

Алкохолни коктели за новогодишната ноќ

Покажете се пред вашите гости, послужувајќи им некои од овие невообичаени, но интересни коктели кои ќе ја подигнат атмосферата до највисоко ниво.

Мохито со шампањско

Алкохолни коктели за новогодишната ноќ

Потребни состојки:
  • 100 г шеќер
  • 170 мл вода
  • 6 зелени лимони, исечкани на резанки
  • ливчиња нане
  • 450 мл бел рум
  • поголемо количество кршен мраз
  • 700 мл шампањско
Начин на подготовка:

Во мал метален сад ставете ги шеќерот и водата и загрејте ги додека не добиете густ шербет. Откако ќе го тргнете од оган, оставете го на собна температура да се олади.

Во голем бокал искомбинирајте ги шербетот, резанките зелен лимон и ливчињата нане и убаво измешајте ги со дрвена лажица. Потоа додадете го румот и повторно убаво измешајте.

Земете неколку тенки високи чаши за вино и во нив ставете 1/3 искршен мраз. Потоа додадете од измешаниот пијалак уште 1/3, а последната третина пополнете ја со шампањско. Декорирајте со неколку ливчиња нане.

Виски со црвен портокал

Алкохолни коктели за новогодишната ноќ

Потребни состојки:
  • коцки мраз
  • 75 мл цеден џус од црвен портокал
  • 50 мл виски
  • 15 г шеќер во прав
  • 1 капка алкохолен битер (пијалак со горчлив вкус)
  • 1 резанка црвен портокал
Начин на подготовка:

Една ниска чаша наполнете ја со неколку коцки мраз. Додадете го сокот од црвен портокал, вискито, шеќерот во прав, битерот и убаво промешајте. Декорирајте со резанка портокал.

Варено вино

Алкохолни коктели за новогодишната ноќ

Потребни состојки:
  • 1 калифорниски портокал
  • 1 литар сок од јаболка
  • 30 г мед
  • свеж ѓумбир, ситно сечкан
  • 10 суви боровинки
  • 10 стапчиња цимет
  • 1 шише суво црвено вино
Начин на подготовка:

Олупете го портокалот и испланирајте како да го искористите бидејќи за коктелот ни е потребна само неговата кора. Во голем метален сад измешајте ги кората од портокалот, сокот од јаболко, медот, ѓумбирот, сувите боровинки и две стапчиња цимет. Оставете ги 20 минути на загреана рингла.

Потоа пополека почнете да го додавате виното и оставете го на оган убаво да се загрее. Сипете го пијалакот во широки стаклени чаши и декорирајте со останатите стапчиња цимет.

Чоколаден коктел со вкус на мента

Алкохолни коктели за новогодишната ноќ

Потребни состојки:
  • 20 мл текила
  • 30 мл узо
  • чоколаден сируп
  • шеќерно бастунче
  • 20 мл чоколаден ликер
  • мраз
Начин на подготовка:

Врвот на една чаша за мартини украсете го со чоколаден сируп и трошки од искршено шеќерно бастунче. Алкохолните состојки и мразот ставете ги во шејкер и убаво протресете ги. Добиениот пијалак сипете го во чашата за мартини, а дополнително декорирајте со шеќерно бастунче.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар