Ако таа ви се допаѓа, направете нешто околу тоа!

Ако таа ви се допаѓа, направете нешто околу тоа!

Ако ви се допаѓа, не пишувајте ѝ само за да видите дали ќе ви одговори. Секако дека ќе го направи тоа, затоа што и вие ѝ се допаѓате. Таа само чека на вас да направите нешто. Ако ви се допаѓа, не праќајте ѝ само слики од нешто што ве потсетува на неа. Земете го телефонот и кажете ѝ дека ви недостасува и дека мислите на неа. Не следете ја само на социјалните мрежи и не насмевнувајте ѝ се секогаш кога таа прва ќе ве погледне. Таа е заинтересирана за вас и сака да биде дел од вашиот живот.

Ако таа ви се допаѓа, направете нешто околу тоа

Ако ви се допаѓа, не давајте ѝ само „скржави“ комплименти, туку кажете ѝ дека е најубавата личност што ја знаете. Не мислете дека лајковите или коментарите на социјалните мрежи ќе ѝ кажат колку сте заинтересирани за неа, затоа што таа не смета дека тоа е вистинскиот начин. Вие не можете да го видите изразот на нејзиното лице кога вашето име ќе се појави на екранот. Не можете да ја видите нејзината насмевка, ниту пак да слушнете како чука нејзиното срце секогаш кога ќе ѝ се приближите. Не ги слушате песните кои таа ги слуша, а ја потсетуваат на вас.

Ако ви се допаѓа, направете нешто околу тоа. Одведете ја на вечера, а не само на кафе. Кажете ѝ нешто пред некој друг да го стори тоа, затоа што не може да чека цела вечност. Не може да продолжува да се надева дека вие се чувствувате на ист начин како и таа. Ако ви се допаѓа, спречете ја да живее во минатото. Живејте сега. Ако сакате да биде дел од вашата иднина, направете нешто за да го остварите ова. Ако ви се допаѓа, почитувајте ја и не лажете ја, туку изразете ги своите чувства. Секогаш кога ќе ве погледне, таа се прашува: „Зошто тој не вели ништо?“ и тоа постојано ѝ го крши срцето. Таа сѐ анализира детално во нејзиниот ум. Љубовта не е еднонасочна работа. Направете нешто околу тоа. Не ѝ е важно кој друг покажува интерес за неа, таа само сака тоа да бидете вие.

Ако таа ви се допаѓа, направете нешто околу тоа

Вие сте во секоја мисла што поминува низ нејзиниот ум во напорниот ден. Вие сте сѐ за неа. И да, тоа ќе биде комплицирано, но треба да го направите овој чекор. Затоа што на другата страна од овој страв, може да се наоѓа љубовта која цело време сте ја барале. Вие не ја слушате како зборува со нејзините пријатели, а ако сте го направиле тоа, тогаш сигурно сте слушнале колку многу ве сака и колку многу би сакала да направите нешто. Таа e исплашена исто колку и вие. Но ве сака и чека истото да го покажете и вие. Затоа, ако ви се допаѓа – кажете ѝ го тоа, пред некој друг да ѝ каже многу работи кои таа би сакала да бидат изговорени од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар