Ако овие 5 нешта се дел од вашиот секојдневен живот, вашата врска веројатно ќе пропадне

Ако овие 5 нешта се дел од вашиот секојдневен живот, вашата врска веројатно ќе пропадне

Колку и да звучи сурово, многу врски нема да бидат успешни. Но, причината не е секогаш тоа што токму тие двајца не требало да бидат заедно. Разделбата ретко има врска со вистинската љубов и често е поврзана со нерамнотежа.

Ако овие 5 нешта се дел од вашиот секојдневен живот, вашата врска веројатно ќе пропадне

Без разлика колку сакате некого, успехот на врската најмногу зависи од начинот на којшто го живеете вашиот живот и личноста што сте ја одбрале да биде со вас. Погледнете кои секојдневни навики можат да ја уништат вашата врска.

1. Апатија

Апатијата често се појавува кога ќе избледи еуфоријата од почетокот на врската. Во овој случај не ви е грижа да му одговорите на партнерот. Не ви е грижа дали тој направил нешто добро за вас или пак направил некоја грешка. Апатијата е лош знак дека полека се оддалечувате од саканата личност.

2. Посветување внимание само на себе

Во секоја успешна врска партнерите се грижат еден за друг. Секоја личност ја поддржува другата и редовно проверува како се чувствува. Па, ако сте навикнати да поминувате малку време со саканите, ќе ви биде тешко да ја одржите вашата врска.

Ако сè што правите е само за вас, како на пример излегување, гледање на омилените серии, играње игри и слично, ќе треба да прифатите голема промена во вашиот живот или да го прифатите фактот дека вашата врска нема да успее.

3. Асоцијална самотија

Нема ништо лошо во самотијата. Всушност, навистина е добро секој ден да поминувате време со самите себе. Но ако вашата самотија е постојана и ако се однесувате aсоцијално, со текот на времето тоа ќе се одрази на вашата врска. Врските се засновани на комуникација и интеракција, а недостатокот од тоа ќе ја наруши нивната основа.

Можеби мислите дека нема никогаш да му го направите тоа на вашиот партнер. Но како што исчезнува еуфоријата од новата врска, вашите навики ќе се вратат и врската ќе страда. Единствениот начин да ја спасите врската е да ги промените вашите навики.

4. Лаги и прикривање

Дали имате навика да кажувате мали лаги за да се прикриете? Можеби лажете дека сте зафатени за да прекинете некој разговор или нешто слично? Иако еден ваков настан не изгледа како нешто сериозно, ова однесување се проширува сè додека не стане постојан дел од вашиот живот. Постојаното лажење на партнерот создава проблеми бидејќи и вие самите ќе заборавите што е вистина, а што не.

Ако сте навикнати редовно да лажете, дури и само за да се извлечете од нешто, тоа ќе ја „загади“ вашата врска и може да ја уништи.

5. Хроничен стрес со којшто не се справувате

Сите сме изложени на стрес. Тоа е дел од животот што не можете да го избегнете. Но со доволно труд ќе научите како да се справувате со него, па дури и да го контролирате. Сепак ова нема да направи стресот да исчезне. Тој секогаш ќе биде присутен во вашиот живот до одреден степен. Но, ако сте изложени на хроничен, интензивен стрес којшто е закана за вашето физичко и ментално здравје, тоа може да претставува сериозен проблем за вашата врска.

Кога еден или двајцата партнери постојано се напнати, настануваат караници и за најнезначајните нешта. Со текот на времето овие караници го надминуваат трпението и на двајцата и предизвикуваат непоправлива штета на врската.

За да се справите со хроничниот стрес, секој ден одвојте време за медитација, водење дневник, трчање или каква била друга активност што ве релаксира.

Погледнете и кои проблеми во врската едноставно не се решаваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар