Ако не можете да одговорите потврдно на овие прашања, тој не е вистинскиот човек за вас

Ако не можете да одговорите потврдно на овие прашања, тој не е вистинскиот човек за вас

Невозможно е да ја дефинирате љубовта. Сигурно честопати имате слушнато дека не постојат зборови со кои може да се опише љубовта, но не се важни зборовите, туку луѓето кои ги изговараат. Љубовта е природна, логична последица од средбата на две компатибилни души. Но, како да знаете дали сте го пронашле вистинскиот партнер? Следниве прашања ќе ви помогнат да откриете.

Ако не можете да одговорите потврдно на овие прашања, тој не е вистинскиот човек за вас

1. Дали животот драстично ви се подобрил откако сте заедно?

Дали сте посреќни? Дали имате подобар поглед кон животот? Дали проблемите ви изгледаат помалку страшни и сметате дека лесно ќе ги решите? Имате ли повеќе добри денови отколку лоши? Ако можете да се сложите со ова, најверојатно вашиот партнер е вистинскиот. Немојте да правите чекор понатаму во врската сè додека не можете потврдно да одговорите на ова прашање.

2. Дали се насмевнувате секогаш кога ќе го видите, ќе се слушнете или кога ќе помислите на него?

Ако одговорот е „Да“ тогаш навистина сте вљубени, а ова е најважниот знак. Ако чувствувате среќа кога ќе се сретнете, тогаш станува збор за вистинска љубов. Ако помислата на партнерот ви го разубавува денот, покрај вас имате личност којашто треба да ја зачувате. Без овие чувства никогаш нема да создадете блискост која е неопходна во здравите врски. Преголемата приврзаност не е најважната работа, но е сепак важна во љубовта.

3. Можете ли да разговарате со часови без да ви стане здодевно и без да се чувствувате чудно?

Физичката страст е важен дел од врската. Но, постојат и поважни фактори кои треба да ги земете предвид. Важно е вашиот партнер да ве стимулира интелектуално. Разговорот и дружбата се оние нешта кои ве држат заедно. Љубовта и пријателството ќе направат вашата врска да трае. Ако разговорот со партнерот не ви е едно од омилените нешта, тогаш запрашајте се зошто сте со него.

4. Дали е покрај вас кога ви е потребен?

Дали тој навистина ви е партнер или само дечко? Дали е покрај вас кога ви е навистина потребен? Дали ве поддржува, мотивира и ви помага да се движите по вистинскиот пат, или е покрај вас само кога тој сака? Ако вашиот партнер повеќе сака да е сам отколку со вас, тоа е знак дека вие не сте пар, барем не во вистинска смисла на зборот.

5. Дали ви се отворил и ве пуштил во неговиот живот?

На некои луѓе им е потребно многу време за да се отворат, дури и пред саканите. Но, некои луѓе едноставно никогаш не си дозволуваат да бидат ранливи. Причината за ова можеби е тоа што партнерот не верува во вашата врска. Најчесто вие не сте виновни за ова. Понекогаш луѓето не можат да се отворат бидејќи длабоко во себе знаат дека она што го чувствуваат не е вистинска љубов.

Искажувањето на љубовта е различно кај секого. Начинот на којшто вие го сакате партнерот се разликува од начинот на кој тој ве сака вам. Но ако често се прашувате дали ве сака или не, веројатно веќе го знаете одговорот, само не сакате да ја прифатите реалноста. Ако вашиот партнер не ве сака, продолжете понатаму. Вие заслужувате партнер кој ќе ве сака со секој дел од неговото битие.

Дали знаете кои се клучните разлики помеѓу сродна душа и животен партнер?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар