Ајде да си поиграме со зачините и да го намалиме внесувањето на солта

Светската здравствена организација ни дава неколку прехранбени насоки кои овозможуваат важни совети за исхраната, а тие вклучуваат енергетско хранливи препораки, како и оние кои го намалуваат внесувањето на сол, шеќер и трансмасти. Денес прехранбен тренд е да се храните здраво и разновидно, па така поголемиот дел од насоките, со стручни препораки содржат и одредени рецепти и упатства како да изберете и да приготвите здрава храна. Исклучително е корисно и важно да создадете темели во кои целото семејство, а особено децата и адолесцентите, ќе стекнат позитивни и добри навики кои се однесуваат на купувањето здрави и квалитетни производи, како и приготвување редовни и свежи оброци.

1-ajde-da-si-poigrame-so-zachinite-i-da-go-namalime-vnesuvanjeto-na-sol-www.kafepauza.mk_

Зачинете наместо да солите!

Иако е тешко одеднаш да ја намалите количината на сол во исхраната, постепеното намалување со промена во прехранбените навики кај поголемиот дел од луѓето носи долгорочни позитивни резултати. Зачините се одлична замена за солта во секојдневното приготвување на храната. Избирањето свежи билки, мешањето на суви зачини без сол, во комбинација со сок од лимон и оцет може да бидат одлична алтернатива за солта. Исто така, производите со помало количество сол влијаат и на општата количина сол што секојдневно ја внесуваме во организмот и од таа причина е важно да обрнете внимание на производите кои ги купувате.

Важна е само волјата и истрајноста

Потребата за солена храна е стекнат вкус, а вкусните пупки може да се навикнат на помалку солена храна за само неколку недели. Научете ги членовите на семејството на вкусот на храна пред додавање на сол. Гответе со малку сол и со многу зачини, бидејќи секогаш можете да додадете сол, а како алтернатива може да се користат други зачини и билки како што се ориганото, нането, босилекот, рузмаринот, лаворовиот лист, биберот, ѓумбирот, куркумата, црвениот пипер, карито или циметот. За почеток комбинирајте сол со билни зачини, односно постепено намалувајте ја количината на сол во храната. Токму ова е тоа што денес го прават водечките прехранбени индустрии за на пазарот да донесат што е можно поздрави производи, па зошто не би го сториле и вие истото?

2-ajde-da-si-poigrame-so-zachinite-i-da-go-namalime-vnesuvanjeto-na-sol-www.kafepauza.mk_

Зачини и јадења кои најдобро се согласуваат

Лаворов лист – варила со месо и зеленчук, грав, мешунки.

Рузмарин – свинско месо, риба, пилешко месо, боранија, маринади.

Оригано – говедско месо, пилешко месо, свинско месо, јагнешко месо, месо на скара, боранија, пица.

Жалфија – свинско месо, пилешко месо, мисиркино месо, домати, сосови и преливи.

Ким – говедско месо, пилешко месо, свинско месо, мешунки, грав, зелка.

Темјан – говедско месо, пилешко месо, свинско месо, риба, боранија, карфиол, модар патлиџан, цвекло, моркови.

Кари – пилешко месо, мисиркино месо, говедско месо, свинско месо, ориз, маринади.

Ѓумбир, куркума, бибер – говедско месо, свинско месо, мисиркино месо, пилешко месо, ориз, боранија.

Копар – салата од свежа зелка, говедско месо, пилешко месо, маринада, сосови.

Кардамом – овошје и колачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар