9 интимни нешта што ги прават партнерите поблиски, а не се поврзани со сексот

9 интимни нешта што ги прават партнерите поблиски, а не се поврзани со сексот

Кога станува збор за блискоста помеѓу мажот и жената, првото нешто што ни паѓа на памет е сексот. Но, за да постои вистинска близина, потребно е да ја познавате другата личност исто како што се познавате и себеси. Во продолжение прочитајте ги следниве 9 нешта што можат да бидат многу поинтимни од сексуалниот однос и што им се добро познати на најсреќните парови.

9 интимни нешта што ги прават партнерите поблиски, а не се поврзани со сексот

1. Комплименти – Вистинските, искрени зборови без цел некому да му се протнете под облека, укажуваат на висок степен на блискост во врската.

2. Заеднички патувања – Еден од најдобрите начини за градење на интимноста меѓу две личности е нивното заедничко патување. Едноставно не постои подобар начин да се запознаете од соочувањето со непредвидливи околности и невообичаени ситуации.

3. Грижа за партнерот – Доколку му/ѝ дозволите да ве види во вистинското светло, дури и кога сте во најлошото свое издание, тогаш вие се поврзувате на еден посебен начин, нескршлив.

4. Преспивање без секс – Нежната прегратка и слатките бакнежи, без идејата тие да доведат до сексуален однос, ја покажуваат најдлабоката интима помеѓу двајца партнери.

5. Гледање во очи – Контактот со очи за многумина може да биде непријатен. Не за џабе се вели дека тие се прозорци кон душата. Но, кога гледате во очите на вашите љубени, вие потонувате во нив и се чувствувате поблиско од кога било претходно.

6. Запознавање на семејството – Во истиот момент кога вашиот партнер сака да ве запознае со најважните личности во својот живот, вие добивате сосема ново место во неговото или нејзиното срце.

7. Заеднички празници – Нова година, Божиќ, Велигден… Во истиот момент кога ќе одлучите да поминете голем празник со него/неа, наместо со вашето семејство, вие му/ѝ давате знак дека сте се поврзале на поголемо интимно ниво.

8. Уживање во тишина – Најинтимното нешто што двајца можат да го прават заедно е да не прават ништо. Едноставно лежите еден покрај друг, и уживате во присуството на другиот. Не ви се потребни зборови за да го делите вашето скапоцено време.

9. Заедничко лудување – Ништо не може да поврзе две личности повеќе од лудориите што можат да ги смислат заедно. Чувството дека повторно сте деца, барем на момент, ќе ви помогне да се поврзете на многу подлабоко ниво од претходно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар