8 знаци кои покажуваат дека вашата вагина не е здрава

8 знаци кои покажуваат дека вашата вагина не е здрава

Кога станува збор за женските полови органи, жените треба да знаат дека тоа е важен дел од телото кој заслужува посебно внимание, како и редовна и правилна хигиена. Сепак, и покрај добрата грижа, и кај вагината можат да се појават некои заболувања. Овие симптоми ќе ви помогнат да откриете дали нешто не е во ред со вашиот полов орган.

8 знаци кои покажуваат дека вашата вагина не е здрава

1. Сувост или иритација

Оваа појава е честа, особено ако сте во предменопауза. Менопаузата ги предизвикува овие симптоми, а може да дојде и до потење, како и до болни сексуални односи. Во секој случај, најдобро е да побарате совет од лекар, бидејќи менопаузата може да ги маскира симптомите кои се резултат од нешто сосема друго.

2. Непријатен мирис

Здравата вагина има специфичен мирис, па како да знаете дали е здрава или не? Непријатниот мирис кој потсетува на риба, особено во комбинација со проѕирен секрет може да биде знак за бактериска вагиноза. Таа настанува како резултат на размножувањето на бактериите и нарушена рН вредност на вагината. Ова е честа појава и лесно се лечи со антибиотици. Покрај тоа, силниот непријатен мирис во комбинација со зелен секрет може да биде знак на полово пренослива болест, па најдобро е да посетите лекар.

3. Необичен секрет

Ако ви се појави жолт или бел секрет, можно е да станува збор за габична инфекција. Причината може да биде терапија со антибиотици, нарушување на рН вредноста, долна облека со лош квалитет, агресивни средства за туширање, како и нездрава храна, особено ако има премногу шеќери. Спречувањето на оваа појава е многу едноставно – пијте многу вода и јогурт.

4. Печење за време на уринирање

Овој симптом може да биде знак за инфекција на уринарниот тракт, но причината може да биде и сексуална. Обично се лечи со антибиотици, но важно е да посетите и лекар.

5. Отежнато ставање тампони

Болниот секс често е психолошки проблем, но во ретки случаи станува збор за проблем со хименот. Ова е вродено генетско нарушување во кое има додатно ткиво околу отворот на вагината што го отежнува продирањето и предизвикува болка.

6. Болни пликови

Најчесто станува збор за херпес, но ако забележите нешто вакво веднаш посетете го вашиот гинеколог.

7. Крвавење вон менструалниот циклус

Ова крвавење може да биде знак на хормонска нерамнотежа. Најчесто е предизвикана од контрацепциски средства или стрес, а може да биде знак и за рана бременост. Крвавењето за време на секс може да укажува на рак на грлото на матката, па веднаш посетете го вашиот гинеколог.

8. Постојани вагинални инфекции

Ако често добивате габични, бактериски или уринарни инфекции, веројатно треба да обрнете повеќе внимание и нега на вашата вагина. Можеби не сте во здрава врска, можеби вашиот партнер има друга сексуална партнерка, па ви пренесува инфекции… Разгледајте ги сите фактори и обидете се да се храните поздраво и да се ослободите од стресот.

Погледнете и што треба да знаете за бактериите во вашата вагина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар