8 стилски начини да носите бикини и кога не сте на плажа

Факт е дека си ги сакаме нашите бикини и дека сè би дале за да можеме да ги носиме почесто. Иако нивната примарна функција е за на врелите плажи, сепак успеавме да изнајдеме неколку начини на кои можеме да ги носиме и настрана од нив. Ќе се изненадите колку всушност комбинации може да извлечете од обичното бикини. Погледнете.

1. Бикини + парео + сако

Струкираното сако додава завидна елеганција на пареото и го претвора во совршена комбинација за вечерно излегување.

1-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

2. Бикини + тантелна блуза + мини здолниште

Мини здолниште и тантелна блуза е одличен начин да го нагласите струкот.

2-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

3. Бикини + блуза со длабок V-израз + тексас шорцеви

Ако се одлучите за ваков изглед, тогаш наша препорака е да ги затворите нозете во чизмички до глужд за да не изгледате невкусно.

3-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

4. Бикини + карирана кошула + мини здолниште

Уште еден добар трик за да ја нагласите половината е да ја врзете кошулата наместо да ја пикнете во здолништето. Тоа ќе ви го намали струкот, но и ќе ги елиминира непријатните туткања кои ги прави кошулата.

4-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

5. Бикини + јакна до струк + здолниште со фалти

Овој изглед е одличен за баланс во фигурата. Здолништето носете го на вашиот природен струк, не на колковите за да создадете визуелна пропорција на телото.

5-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

6. Бикини + комбинезон

Комбинезонот треба да биде доволно широк за природно да „паѓа“ на колковите, но и долг за да можете да ги подвиткате ногавиците.

6-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

7. Бикини + кардиган + здолниште во А-линија

Уште подобро ако вашето бикини одговара на кое било останато парче од комбинацијата.

7-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

8. Бикини + проѕирен мини фустан + моторџиска јакна

Најдобро е јакната да ја носите на вашите раменици. Едноставно изгледа покул.

8-8-stilski-nachini-kako-da-nosite-bikini-von-plazhata-kafepauza.mk

Погледнете го видео водичот за комбинирање на бикинито во вашиот дневен или вечерен изглед.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар