8 ситници кои веднаш ќе ве направат попозитивни и посреќни

8 ситници кои веднаш ќе ве направат попозитивни и посреќни

Сигурни сме дека имате барем една другарка за која сакате да кажете дека е негативна личност. Таквите личности, иако понекогаш се симпатични, шармантни, цинични и духовити, умеат да заморуваат, а уште позаморно е кога вие самите сте таа личност, а не го сакате тоа бидејќи едноставно негативноста ве убива и никако не можете да се соберете и расположите. Сепак, ова навистина не е толку тешко, ако се потпрете на ситниците кои без сомнеж може да ви го разубават денот.

1-8-sitnici-koi-vednash-kje-ve-napravat-popozitivni-i-posrekjni-www.kafepauza.mk_

1. Вежбајте благодарност

Секое утро или вечер, доколку не сте утрински тип, размислете и заблагодарете се на она што ве прави среќни. Неговата порака во текот на денот, тој самиот, семејството, пријателите, она прво утринско кафе. Опуштете се, може да биде толку едноставно. Штом ќе се сетите на она што ви мами насмевка, веднаш ќе се насмеете.

2. И неочекувана добрина

Направете некогаш некое добро дело, нешто убаво за некого, и тоа непланирано. Тој некој ќе се чувствува подобро, а вие ќе се чувствувате уште подобро! Затоа, купете му на вашиот колега кафе, пофалете ја колешката колку убаво се нашминкала… Што било!

3. Бидете активни секојдневно

Се сеќавате кога Рис Витерспун во „Легално русокоса“ (Legally Blonde) баш симпатично објасни: „Вежбањето ви дава ендорфин. Ендорфинот ве прави посреќни. Среќните луѓе не ги убиваат своите мажи!“ Да, урнебесно, но точно. Кога вежбате се чувствувате посреќно, а така најлесно можете да ѝ кажете збогум на негативноста. Секако дека не мора да имате вистински, напорен тренинг, туку е сосема доволно само да прошетате и да се почувствувате подобро.

4. Слушајте среќна музика

Позната ви е ситуацијата кога ќе слушнете некоја весела песна и потоа цел ден ви се „заглавува“ во главата и можете да ја слушате милион пати, бидејќи е толку среќна и позитивна? Токму тоа ви е потребно! Како да се чувствувате нерасположено кога некоја песна ве тера да заиграте?

2-8-sitnici-koi-vednash-kje-ve-napravat-popozitivni-i-posrekjni-www.kafepauza.mk_

5. Забавете

Во секоја смисла, а особено во интелектуалната. Заборавете на претераното размислување, не оптоварувајте се со глупости, уживајте во вашиот оброк без мислите да ви летаат на сите страни. Позната ви е онаа изрека: „Колку помалку знаеш, толку помалку се запрашуваш“? Вистина е! Исклучете го вашиот мозок барем на момент и само дишете и живејте.

6. Смејте се, смејте и секогаш смејте се

И овие стихови одлично се вклопуваат во оваа приказна. Смејте се, макар и на сила, и вашиот мозок ќе добие порака дека сте среќни. И навистина ќе станете среќни, толку е едноставно.

7. Исклучете се од социјалните мрежи

Ако не ни верувате нам дека социјалните мрежи се губење време, тогаш поверувајте им на истражувањето кое покажало дека луѓето кои поминуваат помалку време на Фејсбук се посреќни. Барем на еден ден одморете се од телефонот и компјутерот и правете нешто за себе и нешто што ќе ве усреќи.

8. Не споредувајте се со другите

Ова е одлично надоврзување со претходното. На социјалните мрежи гледате луѓе кои се (барем така изгледаат) среќни. Но тоа ретко е вистина. Така само вие се нервирате, бидејќи знаете дека не сте среќни како тие луѓе и паѓате во депресија, анксиозност и негативност. Немојте да ги гледате социјалните мрежи и немојте да се споредувате со другите. Секој има свој живот и го живее онака како што сака. Направете го својот поубав и посреќен, сами, и тоа уште денес.

3-8-sitnici-koi-vednash-kje-ve-napravat-popozitivni-i-posrekjni-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар