8 причини зошто постарото дете во семејството заслужува посебна почит

8 причини зошто постарото дете во семејството заслужува посебна почит

Првородените деца се несомнено посебни и ги менуваат животите на родителите засекогаш. Со нив луѓето го добиваат најдрагиот подарок – родителство и се среќни до крајот на животот. Според теоријата на Адлер, најстарите деца обично се поодговорни и посигурни и тие им донесуваат на родителите титула за цел животот.

Ви наведуваме 8 причини зошто вашето постаро дете заслужува посебна почит:

1. Тоа ве учи на лекции што сте ги пропуштиле

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Кога ќе го добиете првото дете, вашиот живот има сосема ново значење, на некој начин за вас почнува втор живот. Минувате низ многу животни предизвици со вашето бебе покрај себе. Правите многу грешки, но исто така, учите и како да ги поправите и детето е причина да созреете и да ги надминете сите тешкотии, дури и ако некои нешта ви се чинат невозможни. Но, додека вие го учевте вашето првородено дете на многу нешта, детето веројатно ве научи вам многу повеќе.

2. Тоа созрева многу порано

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Постарите деца сè уште не се возрасни, но не се ни деца повеќе. Кога ќе добијат помлад брат/сестра, немаат друг избор освен да пораснат и да заземат позиција на одговорна и разумна личност. Покрај тоа, тие често ја слушаат фразата „Ти си голем сега.“, и кога секојдневно го слушаат ова, стануваат токму тоа.

3. Тоа е помирно од очекуваното

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Притисокот да созрее порано, прави постарото дете да стане попаметно. Тоа внимава на братчето или сестричката, како што никој не го прави тоа, затоа што се чувствува одговорно. Овие деца се заглавени некаде помеѓу возрасните и помалите деца. Барајќи од нив да бидат поддршка во одгледувањето на помалите деца и сметајќи ги за повозрасни, родителите честопати ги вклучуваат во проблемите за возрасни. Со тек на времето, тие стануваат советници и родителите почнуваат да ги слушаат и да го ценат нивното мислење.

4. Тоа прави повеќе отколку што треба

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Децата кои имаат помали браќа и сестри прават многу повеќе од нивните врсници кои го немаат овој „проблем“. Тие имаат повеќе задолженија и поголема одговорност и немаат толку слободно време, бидејќи го поминуваат со другите деца во семејството. Кога семејството е само со едно дете, тоа може да се релаксира откако ќе ги измие садовите и ќе ја исчисти својата соба, додека оние со помлади браќа/сестри не можат ниту книга да прочитаат без да бидат вознемирени затоа што секогаш има некого за кого треба да се грижат, да му помогнат или да си поиграат со него. И тие го прават тоа поголемиот дел од нивното слободно време.

5. Тоа е вашиот најдобар помошник

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Едноставно невозможно е да се справите со сè, особено кога имате неколку деца на кои треба да внимавате. Имате 2 раце, но вашето првородено дете има уште 2 и тие ви помагаат колку што можат. Тоа е најдобрата дадилка на помладите деца и ви служи како десна рака. Тоа е вашиот спасител кога ви треба помош.

6. Тоа ги прикрива белите на неговите браќа и сестри

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Привилегија е да имате постари браќа и сестри, затоа што тие веќе ги поминале повеќето работи со кои помладите треба да се соочат, а со тоа што тие први направиле грешки, ги заштитуваат помладите да не погрешат и тие. Големите браќа и сестри се подготвени да ги споделат своите животни искуства, почнувајќи од помагање при пишувањето домашни задачи, откривање кои професори се подобри, па и откривање на животните лекции преку одлични совети. Нема ништо подобро од тоа секогаш да имате некој постар со кој може да поразговарате на темите за кои не се чувствувате пријатно да ги отворите со родителите.

7. Тоа е несебично

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Скоро невозможно е постарото дете да биде себично. Тоа е навикнато да размислува и за другите затоа што така е навикнато. Подготвено е да го подели последното колаче и веројатно ги делело сите свои играчки изминатите години. Тоа е гордо на своите браќа/сестри и е среќно за нив. Иако понекогаш му досадуваат постарото дете е нивна најголема поддршка.

8. Тоа е најдобриот брат или сестра

8 причини зошто постарото дете заслужува посебна почит

Веројатно нема да негирате дека вашето првородено дете е најдобриот брат/сестра на другите деца во вашето семејство. Додека останатите можат да бидат деца, тоа навистина се грижи за своите браќа и сестри, ги сака и си игра со нив.  Дарежливо, грижливо, духовито и забавно, тоа е одличен пример и најдобар модел за помладите деца. Ако нешто направило правилно еднаш, другите ќе го следат примерот.

Можеби сакате да дознаете и одликите на вистинскиот татко. Тој прави сè за семејството и за децата и секогаш ги става на прво место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар