8 правила за шминкање до кои треба да се придржувате доколку носите очила

8 правила за шминкање до кои треба да се придржувате доколку носите очила

Жените кои носат диоптриски очила во последните неколку сезони конечно може да воздивнат, а за таканаречениот „гик чик“ изглед не прогнозираме брзо опаѓање на популарноста. Како пожелен моден додаток може да се забележат и на ревиите на модните куќи, но и многу славни ѕвезди започнаа да им дават предност во својот изглед. Сепак и покрај големата популарност на овој тренд, сите девојки и жени кои носат очила со диоптрија, мора да се придржуваат до овие правила за шминкање.

1-8-pravila-za-shminkanje-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-dokolku-nosite-ochila-www.kafepauza.mk_

1. Заборавете на темните сенки за очи

Зачадени очи под очилата не е најдобрата опција. Очите едноставно ќе изгледаат премногу темно. Избирајте светли нијанси, а доколку сакате малку подраматичен изглед, не крајот од капакот нанесете малку потемна сенка за очи.

2. Рамката на очилата и ајлајнерот не смеат да бидат во иста боја

Нанесете ајлајнер кој е сличен со бојата на рамките, но не идентичен. Со црната рамка комбинирајте сив, кафеав или темносин молив за очи, а за кафеавите рамки изберете бронзен.

3. Не заборавајте на виткачот за трепки

За што повеќе да го „отворите“ погледот, не изоставајте го виткачот за трепки. Едноставно притиснете ги трепките сосема блиску до коренот и потоа нанесете маскара.

4. Без маскара на долните трепки

За маскара на долните трепки многумина ќе кажат „НЕ “. Таквиот изглед едноставно ни додава години, а доколку носите очила, сè заедно може да изгледа уште полошо. Темната боја и рамките создаваат сенка под очите, па вашето лице ќе изгледа уморно.

2-8-pravila-za-shminkanje-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-dokolku-nosite-ochila-www.kafepauza.mk_

5. И кожата на лицето заслужува подеднакво внимание

Без разлика на тоа што акцентот е на очите, остатокот од лицето мора да изгледа беспрекорно. Кожата нахранете ја пред да ја нанесете пудрата, а неправилностите „избришете“ ги со коректор.

6. Погрешна нијанса на коректор

Да изберете соодветна боја на коректор е навистина тешко. Во случајот со очила, избирајте исклучиво жолтеникави нијанси. Тие најдобро ги прикриваат темните подочници и евентуалното црвенило.

7. Баланс во однос на рамките на очилата

Ако имате подебели рамки, на капаците нанесете им подебела линија ајлајнер или молив за очи, а со тенките задолжително оди потенка линија.

8. Нагласете ги веѓите

Понекогаш сме толку сконцентрирани на она што се гледа само под очилата, што забораваме на веѓите. Веѓите нека бидат уредно средени, исчешлани, а можете дополнително да ги нагласите со гел за веѓи, бидејќи сепак тие се рамка за вашите рамки на очилата.

3-8-pravila-za-shminkanje-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-dokolku-nosite-ochila-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар