7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Свежите, сочни производи може да делуваат како одлична опција за зимските денови, сепак, треба да имаме предвид дека во текот на овие постудени месеци, повеќето од нив пристигнуваат од потоплите региони. За време на испораката, нивните хранливи материи може да исчезнат, па тие да бидат со многу мала или без нутритивна вредност. Некои производи, дури и оние кои се произведуваат локално, можe да бидат прилично штетни кога се консумираат во зима.

За да останете здрави во текот на зимата, погледнете ја оваа листа на производи кои треба да ги избегнувате овој период.

1. Аспарагус

7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Најдобро време кога аспарагусот треба да биде дел од нашето мени е пролетта. Во зима, аспарагусот се испорачува од далечни дестинации како Перу или Кина. Додека тој дојде до нас, исчезнуваат не само вкусот и текстурата, туку и витамините. За време на транспортот се губат корисните состојки и тој станува помалку хранлив за нас.

2. Пакувани зелени зеленчуци

7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Пакуваниот зеленчук е претходно измиен и сечкан за да може лесно и брзо да се консумира. Сепак, ваквото миење може да ги оштети растителните влакна и да доведе до губење на витамините во нив. На крај, добиваме помалку здрав производ кој има добар изглед. Најдобро почекајте да дојде пролетта, а потоа купете си свежо одгледан и непакуван зеленчук.

3. Јагоди и боровинки

7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Летото е најдоброто време за одгледување на бобинки. Јагодите се богати со витамин Ц, а боровинките може да помогнат во спречувањето на појава на карцином на кожата. Тие, исто така ја зголемуваат активноста на мозокот. Најдобро е да се консумираат домашни бобинки. Оние што се увезуваат од далеку, не се вкусни и немаат доволно хранливи материи. Ако сакате да уживате во нивниот вкус во зима, најдобро е да се одлучете за замрзнати.

4. Пченка во кочани

7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Пченката расте само во лето и во ниту една друга сезона. Значи, кочаните пченка што може да ги најдете во супермаркетите не е толку свежа како што изгледа. Таа може да била претходно замрзната или преостаната од претходното лето.

5. Млечни производи

7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Некои млечни производи како урдата и млекото треба внимателно да се консумираат во зима. Урдата може да го зголеми излачувањето слуз од жлездите и може да влијае на целокупната телесна состојба. На луѓето кои имаат кашлица или настинка, или кои страдаат од астма, може да им се влоши состојбата со консумацијата на ваквите производи.

6. Шеќер

7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Шеќерот може да е причина за да се чувствувате депресивно, особено во зима. Внесувањето на шеќер го активира процесот на појава на воспаление во вашето тело и го намалува ослободувањето на допамин, хормон кој прави да чувствуваме задоволство. Зимата се смета за „мрачна“ сезона за многумина, па дополнителното внесување на шеќери може да ја направи уште потешка.

7. Црвено месо

7 видови храна кои не би требало да ги консумираме во зима

Црвеното месо е одличен извор на протеини кои се неопходни за зајакнување на мускулите и метаболизмот. Сепак, честото консумирање може да предизвика насобирање на слуз во грлото. Во тек на оваа сезона подобро одберете пилешко месо или риба.

Можеби сакате да прочитате и кои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар