7-те најдобри природни лекови за мамурлак

7-те најдобри природни лекови за мамурлак

Најлудата ноќ остана зад нас, а сега треба да се собере сила и да се отпоздрават пријателите и роднините и да им се посака сѐ најдобро во новата година, се разбира, со здравица. Меѓутоа, „горкиот вкус во устата“ од мамурлакот ќе ни го отежне првиот ден од новата година, а со оглед на тоа дека втората вечер на славење и честитките се пред нас, добро би ни дошол некој делотворен лек против мамурлакот. Во продолжение прочитајте кои лекови ќе ви помогнат побргу да се отрезните и да бидете со „бистра глава“.

1. Лесен појадок

7-те најдобрите природни лекови за мамурлакот

Иако алкохолот отвора апетит и кога ќе се разбудите ќе имате желба да изедете нешто калорично, сепак определете се за лесен и вкусен појадок бидејќи полниот стомак ја забавува апсорпцијата на алкохол, па со самото тоа и процесот на трезнење ќе биде побавен. Добрите намирници кои се препорачуваат во овој случај се оние намирници кои лесно се варат: тост, сендвич, тестенини, житарки и јогурт, бидејќи тие го штитат слојот со кој е обложен желудникот. Добар избор за појадок се и јајцата кои се одличен извор на протеини и брзо се варат, а содржат и цистеин (аминокиселина која е моќно оружје против ацеталдехидот, кој пак, е токсин што е нуспродукт на оксидацијата на етанолот).

2. Лимонада со мед и јогурт

7-те најдобрите природни лекови за мамурлакот

Никако не земајте производи кои се преработени или богати со шеќер, но добро ќе ви дојде еден овошен сок, како и медот. Организмот ќе го ревитализирате и со пијалакот од мед и лимон. Доволно е само да помешате една лажичка мед, сок од половина лимон или портокал и 100 милилитри јогурт.

3. Многу течности

7-те најдобрите природни лекови за мамурлакот

Постои еден мал трик кој би требало да го направите пред спиење за наутро да се разбудите без мачнина и главоболка. Пред да си легнете во кревет после лудата журка, напијте се што повеќе вода за да ја спречите дехидратацијата во текот на сонот која ќе ги предизвика симптомите на мамурлак. Водата, исто така, ќе му помогне на вашиот организам да се ослободи од токсинот ацеталдехид кој се ослободува во црниот дроб при разградувањето на алкохолот.

4. Банани

7-те најдобрите природни лекови за мамурлакот

Можеби ви звучи чудно, но јадењето на банани на денот после забавата може да ви помогне да се ослободите од мамурлакот. Имено, бананите содржат големи количини на калиум и Б комплекс, а докторите советуваат да изедете една банана пред спиење, а потоа уште една веднаш штом станете и на тој начин ефикасно да ја намалите мачнината и да го забрзате метаболизмот.

5. Ѓумбир

7-те најдобрите природни лекови за мамурлакот

Ѓумбирот е познат како добар лек за смирување на мачнината и желудочните проблеми. Сварете чај од ѓумбир користејќи десет свежи листови од плодот. Ставете ги во 4 шолји врела вода и варете околу 10 минути. Извадете го ѓумбирот, додајте лимонов сок и една кафена лажичка мед и чајот е подготвен.

6. Кафе

7-те најдобрите природни лекови за мамурлакот

Кафето е еден од најраспространетите лекови за мамурлакот, но треба да се води сметка околу тоа дека треба да се пие во умерени количини. Доволно е да испиете една шолја кафе и тоа после оброк, никако на празен стомак. Освен тоа што дополнително го измачува организмот и повторно предизвикува дехидратација, кафето и подолго време го задржува присуството на мамурлак.

7. Вежби

7-те најдобрите природни лекови за мамурлакот

Физичката активност е еден од најдобрите лекови против мамурлак. Да, знаеме дека не ви е дојдено до вежби, но дури и кратката прошетка на свеж воздух во траење од половина час може да направи чуда за вашиот организам. Доколку сте во можност, наместо прошетка определете се за пливање или лесен џогинг, бидејќи така преку потењето на најлесен можен начин можете да се ослободите од токсините во организмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар