7 паметни работи што можете да ги направте наместо да му напишете порака на бившото момче

Знаеме дека ве фаќа „криза“ и дека морате да му го слушнете гласот или да видите порака од него, но исто така знаеме и дека не е добра идеја доколку сте завршиле со него или тој со вас. Затоа во моментите кога ве обземаат чувствата и настапуваат моментите на недостасување, прочитајте го овој наш мал водич и погледнете кои паметни работи можете да ги направите наместо да му пратите порака на вашето бившо момче.

1-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

1. Излезете да прошетате или уште подобро, одете на џогинг

Во моментите кога ќе ве фати криза и ќе почувствувате интензивна желба нешто да му напишете или да му се јавите, тогаш излезете на чист воздух и прошетајте или трчајте, барем половина час. Тоа ќе ви помогне да ја испразните главата и да ги разбистрите мислите. После враќањето назад, најверојатно и самите ќе сфатите дека праќањето порака е всушност една голема грешка која нема да ви падне повторно на памет (барем не во следните 3 дена).

2-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

2. Пуштете ја омилената песна и танцувајте

Дали постои нешто може подобро да ги излечи љубовните рани од музиката и танцот? Секако дека не! Затоа наполнете се со позитивна енергија и играјте сè додека идејата за праќање порака на бившото момче тотално исчезне.

3-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

3. Јавете ѝ се на вашата најдобра другарка

Наместо да го куцате неговиот телефонски број, повикајте го вашиот разумен глас – вашата најдобра другарка која ќе ве врати на вистинскиот пат. После разговорот со неа сигурно ќе добиете нови, сјајни идеи, а мислите за него ќе исчезнат.

4-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

4. Напишете сè што сакате да му кажете, но во својот дневник

Ако не можете да ги задржите чувствата и зборовите, напишете ги на хартија наместо да му ги пратите нему. Можеби после пишувањето ќе сфатите дека тој бил голема грешка која не ги заслужува вашите зборови и пораки.

5-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

5. Шопинг

Дали е потребно да објаснуваме зошто терапијата со шопинг ќе го излечи вашето тело и дух, а со тоа и ќе ви ја избрише идејата за допишување со него?

6-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

6. Задоволете се себеси на кој било начин

Не е важно дали тоа ќе биде шопинг, излежување во креветот, чоколаден сладолед… Едноставно издвојте време за самите себеси и своите лични задоволства! Што и да ви падне на памет во тој момент, направете го! Бидејќи сè друго е подобро од враќањето во минатото и праќањето патетични пораки.

7-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

7. Посетете фризер, маникир, педикир…

Бидејќи ќе се чувствувате како милион долари и идејата за него веднаш ќе исчезне, барем за кратко. А кој знае, можеби баш во тоа издание ќе запознаете некој кој ќе биде вреден за вашите пораки.

8-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар