7 начини на кои телото ви кажува дека сте несреќни

Среќата не е само состојба на умот и позитивен став кон животот. Таа е поврзана и со одредени хемиски процеси во телото. Односно, среќата зависи од хормоните што прават да се чувствуваме среќно и коишто имаат голема улога во нашето расположение и способноста да чувствуваме задоволство. Недостатокот од овие хормони може да предизвика незадоволство, па дури и депресија.

7 начини на кои телото ви кажува дека сте несреќни

Во продолжение погледнете ги знаците со кои телото ви кажува дека нивото на „среќни“ хормони во вашето тело е ниско.

1. Јадење слатки и чипс

Доколку вашето тело има желба за шеќер и скроб, можно е да имате ниско ниво на серотонин. Оваа храна го поттикнува лачењето на хормонот. Вашето расположение ќе се подобри и вие ќе sе чувствувате подобро. Но, ова ќе се случува само на краток период. Како резултат, нивото на хормонот уште толку ќе се намали, а вие повторно ќе чувствувате потреба од овие продукти.

2. Дебелеење

Недостатокот од допамин може да предизвика дебелеење. Покрај тоа што ве привлекуваат слатки и нездрава храна, голема е веројатноста да се прејадете. Причината е што се обидувате да го надополните недостатокот од хормони со храна. Како последица, може да се развие и зависност од храна.

3. Чувствителни гради

Недостатокот од уште еден хормон има влијание врз нашето расположение, а истовремено влијае и врз нашето здравје. Кога жените имаат ниско ниво на естроген, можно е да почувствуваат болка или зголемена чувствителност на градите. Ова се случува пред менструалниот циклус, но може да се појави и во текот на другите денови во месецот.

4. Ниско ниво на емпатија

Истражувањата нашле поврзаност помеѓу емпатијата и окситоцинот. Хормонот на љубовта има влијание врз нашето расположение како и другите. Доколку забележите дека ви е тешко да се сочувствувате со другите или имате проблем со препознавање изрази на лицето, тогаш можно е да имате недостаток од окситоцин во телото.

5. Главоболка

Главоболките настануваат поради недостаток од прогестерон, уште еден хормон што може да ви го подобри расположението. Оваа болка може да се манифестира и како мигрена. Овој хормон е важен во текот на бременоста, па симптомите на низок прогестерон кај бремените жени може да се разликуваат и би требало да се контролираат.

6. Несоница

Несоницата е еден од знаците за ниско ниво на серотонин. Се манифестира како проблеми во спиењето и предизвикува промени во расположението. Луѓето кои искусуваат постојан стрес и депресија и кои најчесто седат се склони на оваа болест.

7. Тресење

Тресењето или треморите можат да настанат поради недостаток од допамин. Овие ненамерни движења на телото се предизвикани од контракции на мускулите. Најчесто се случуваат на рацете. Истовремено, ова може да биде симптом и за невролошка болест.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашите хормони не функционираат како што треба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар