7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Многумина знаат дека активниот јаглен е одлична прва помош за труење и надразнет стомак, но изгледа дека овој продукт нуди многу повеќе. Активниот јаглен може да апсорбира илјадници пати повеќе од неговата маса, што помага во привлекувањето на многу отровни честички. Благодарение на ова својство за впивање, активниот јаглен може да ви се најде во многу ситуации. Погледнете како и за што можете да го користите.

1. Избелување на забите

7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Активниот јаглен има негативен електричен полнеж, што му помага да привлече токсини и слободни радикали со позитивен полнеж. Исто така, тој ги привлекува и заробува дамките од забите, што го објаснува неговиот ефект на избелување. Активниот јаглен денес е состојка на многу пасти за заби, но можете и сами да направите поевтин продукт.

Сè што ви е потребно е малку активен јаглен во прав. Нанесете го на влажна четка за заби, измијте ги забите и оставете да делува неколку минути. Потоа исплакнете ја устата со многу вода. Бидете внимателни доколку имате круна или порцелански заби, бидејќи активниот јаглен може да направи дамки. Исто така, заболекарите предупредуваат дека домашно направената паста може да биде премногу абразивна, па немојте да ја користите пречесто.

2. Ослободување од акни и митесери

7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Активниот јаглен се сврзува со бактериите, нечистотиите и токсините кои предизвикуваат акни и митесери. Постојат безброј продукти за нега на лице со активен јаглен, но и ова можете да го направите дома.

Измешајте половина лажичка активен јаглен со две лажички вода. Нанесете ја смесата на лицето со четка за шминка. Оставете ја маската целосно да се исуши, па исплакнете ја со вода. Исто така можете да направите и маска со активен јаглен од една капсула и 2 лажички гел од алое вера.

3. Намалување на чешање и осипи од инсекти

7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Доколку имате убод од пчела или комарец, можете да употребите активен јаглен. Активниот јаглен се сврзува со отровите, токсините и алергените, па е одличен во вакви ситуации.

Измешајте активен јаглен од една капсула со половина лажица кокосово масло. Нанесувајте од смесата на убодот на секои 30 минути, сè додека не исчезне чешањето. Експертите сметаат дека можете да користите активен јаглен и за третирање осипи од отровни растенија.

4. Отстранување мувла и спречување на болестите што ги предизвикува

7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Голем број луѓе се изложени на мувла во домот или на работното место, без воопшто да бидат свесни за тоа. Мувлата може да предизвика проблеми со бубрезите, црниот дроб и мозокот, како и болести на срцето, главоболки, повраќање, па дури и депресија. Постојат многу хемиски продукти што ќе ви помогнат да се ослободите од мувлата, но за ова е добар и активниот јаглен.

Заедно со чајното дрво, сода бикарбоната и јаболковиот оцет, активниот јаглен има силни антигабични својства. Измешајте 60 грама активен јаглен со една шолја вода и нанесете ја смесата на местото со мувла. Оставете да делува 10-20 минути, па исплакнете со вода.

5. Заштитување на црниот дроб и бубрезите од токсини

7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Речиси секој ден сме изложени на токсини од нашата храна, домови, опкружување и канцеларии. Доколку сте изеле премногу хемиски третирана храна или сте биле на место исполнето со тешки метали и токсини, активниот јаглен ќе им помогне на вашите бубрези и црн дроб. Експертите препорачуваат земање две капсули активен јаглен после изложеноста на токсини.

6. Чистење на косата

7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Поради продуктите и нечистотиите, косата може да го изгуби својот сјај. Активниот јаглен ги апсорбира нечистотиите од косата и скалпот и помага да ги исплакнете. Измешајте една лажичка активен јаглен, 2 лажици шампон со природни состојки и 100 милилитри вода. Нанесете ја смесата како шампон на влажна коса, а потоа исплакнете со вода. Бидете внимателни, бидејќи активниот јаглен може да ја обои вашата коса. Па, најдобро е прво да го тестирате шампонот на помала област.

7. Чистење на дигестивниот тракт

7 начини на кои активниот јаглен прави чуда за вашето тело

Бидејќи дишеме загаден воздух и консумираме храна третирана со хемикалии и пестициди, акумулираме многу отровни супстанци во телото. Со отстранувањето на овие супстанци, ќе го подобрите имунитетот и функцијата на целото тело. Некои лекари препорачуваат земање 10 грама активен јаглен, 90 минути пред оброкот, во рок од два дена.

Можете да додадете и малку активен јаглен во вашата храна, како на пример во смуди. Сепак, бидете внимателни – поради својството на апсорбирање, активниот јаглен може да го намали ефектот на лековите што ги земате.

Погледнете и како да го исчистите вашето тело од токсини и да си го подобрите здравјето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар