7 минималистички начини за намалување на нередот во вашиот живот

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Минимализмот е многу популарен во денешно време, бидејќи сè повеќе луѓе се чувствуваат „заглавени“ во нивното секојдневие. Сите работат сè повеќе и повеќе, за да купат сè повеќе ствари, коишто нема да можат да ги користат, бидејќи немаат доволно време. Ова укажува на фактот дека многу луѓе во денешно време се преуморни од работа, премалку се платени и се генерално, незадоволни од нивните животи. За да го избегнат сето ова, луѓето бараат алтернативен начин на живот – минималистички.

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Минимализмот може да се објасни во една реченица:

„Минимализмот е во суштина преиспитување на вашите приоритети, со цел да можете да се ослободите од вишокот ствари, како што се предметите, идеите, врските и активностите, коишто не му даваат вредност на вашиот живот.“ – Колин Рајт

Во оваа статија, ќе зборуваме за 7 едноставни начини со чија помош ќе ги исфрлите непотребните нешта од вашиот живот, употребувајќи минималистички пристап.

1. Ослободете се од вишокот облека

Секако, ова не значи дека треба да ја исфрлите сета облека што ја имате, освен ако не сакате да шетате наоколу голи. Шегата на страна, но навистина треба да се ослободите од разните варијации на облека што ја имате, а не ја користите. Задржете само 3-4 сетови облека, коишто ќе ги задоволат сите категории во вашиот живот.

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Примери за категории, можат да бидат:
  • Кежуал облека
  • Класична облека (за во бизнис средина)
  • Релаксирачка облека, којашто ја носите кога сте дома
  • Облека за во сала за вежбање (доколку ви е потребна)

Откако ќе ги определите категориите на облеката којашто ви е потребна во животот, здиплете ја преостанатата што не ја носите со години и донирајте ја на некој којшто со задоволство ќе ја носи. За да не ја носите истата облека цело време, потребно е да имате барем по три комбинации од секоја категорија.

2. Јадете исти оброци

Многу луѓе сметаат дека е ужасно нездраво и здодевно постојано да ги јадете истите оброци. Но, во суштина тоа е многу едноставна практика. Доколку си определите неколку оброци, коишто имаат доволно хранливи вредности и одличен вкус, ќе ви биде многу полесно да се придржувате до нив на редовна база.

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Многу луѓе коишто внимаваат на своето здравје, го применуваат овој едноставен принцип на исхрана. Бодибилдерите исто така го применуваат методов, бидејќи на тој начин можат полесно да следат каква храна внесуваат во текот на денот.

Во основа, потребни ви се 4-6 оброци коишто ќе ги ротирате во текот на неделата. Воедно, тие треба да содржат доволно зеленчуци, мешунки и протеини. Внесувајте и бавни јаглехидрати, какви што има во јатките и мешунките како што е леќата или брзи јаглехидрати, какви што има во оризот и тестенините. Не заборавајте да консумирате и доволно здрави масти, какви што има во рибата и авокадото. На почетокот, менувајте ги оброците и направете си истражување за да ја најдете храната којашто најмногу ќе ви одговара на вашите потреби.

Пример за здрав појадок:
  • 2 органски јајца
  • 20 г црн грав
  • Салса или гвакамоле, за подобар вкус

Што се однесува до пијалаците, водата секогаш треба да ви биде на прво место.

3. Ослободете се од долговите и започнете да штедите

Многу е стресно да се имаат големи долгови, па затоа вашата цел треба да биде или да ги елиминирате или никогаш да не ни западнувате во долгови. Ако веќе имате долг којшто морате да го исплатите, фокусирајте се да го сторите тоа што е можно побрзо. Доколку пак немате долгови, немојте ни да земате кредити и да се задолжувате, доколку тоа не е навистина итно и неопходно. Наместо тоа, почнете да тргате пари настрана секој месец и ставајте ги во фондот за итни ситуации. Тој фонд ќе ви биде од голема помош доколку сè тргне во надолна линија. Најдобро е да заштедите доволно пари, со коишто би можеле нормално да живеете 3-6 месеци.

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Откако ќе го реализирате овој план, ќе се чувствувате поудобно да инвестирате во вашиот дом, бизнис, недвижнини или што било друго во коешто сакате да вложите пари. Од исклучителна важност е да си обезбедите неколку извори на заработка и да не зависите само од вашата редовна плата. На овој начин ќе бидете финансиски постабилни.

Чекори коишто е потребно да ги преземете:
  • Отплатете ги долговите и не влегувајте во нови
  • Сочувајте пари за во „тешки времиња“
  • Тргнете пари настрана за инвестирање

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар