7 извори на лоша енергија во вашиот живот и како да се справите со нив

Негативноста е нешто што не му е потребно на никој во својот живот. Како што би требало да бегате од негативните луѓе, така треба и еднаш засекогаш да се решите од сопствените извори на лоша енергија. Секој од нас може да го живее својот живот во целост и да ги остварува своите соништа, но првиот чекор кон тоа е затворањето на негативните нешта кои се веќе зад вас.

7 извори на лоша енергија во вашиот живот и како да се справите со нив

1. Нема место во вашиот живот за сите оние пораки и зборови од други луѓе кои ве обесхрабруваат. Што побрзо ги избришете од вашите сеќавања, толку побрзо ќе ги остварите вашите соништа и цели. Потрудете се во вашето срце да направите место само за оние позитивни, охрабрувачки реченици кои имаат моќ да ве мотивираат.

2. Лошите врски, без разлика дали станува збор за љубовни, пријателски или работни, можат негативно да влијаат врз вас и вашиот живот. Токму затоа со нив треба да бидете и многу внимателни со цел да не ја трошите вашата енергија на нешта кои едноставно не вредат. Доколку односот со одредена личност повеќе ве исцрпува отколку што ве полни со енергија, време е да му ставите крај!

3. Доколку ви фали поддршка во животот, побарајте ја на оние места каде што има многу љубов. Не заборавајте дека онаму каде што нема љубов, нема ни поддршка.

4. Анксиозноста е огромен извор на негативност. Тоа е чувство со кое секојдневно се соочуваме, но тоа не значи дека треба да му дозволиме и целосно да ја преземе контролата врз нас. Ние имаме само еден живот во кој едноставно нема место за страв! Работете на различни методи за опуштање, позитивни мисли и опколете се со луѓе кои ги сакате.

5. Престанете да формирате негативни очекувања! Тоа е најмалку што можете да направите за себе. Обидувајте се постојано да размислувате позитивно и со тоа ќе влијаете целосно врз вашите убедувања и ставови. Ќе се изненадите од она што ќе се случи следно…

6. Морате да се ослободите од негативното окружување. Вие сигурно не сте свесни колку лошо можат да ви влијаат луѓето кои секогаш чукаат над својата и туѓа судбина и кои во сè гледаат црно. Доколку сакаат, тие слободно можат да продолжат со тоа, но вие мора да најдете попозитивни луѓе кои ќе ве извлечат од темнината.

7. За крај, најтешкото нешто што треба да го направите е да се ослободите од сомнежот во себе. Треба конечно да најдете начин да го замолчите оној лош внатрешен глас кој постојано ви вели дека не можете и дека нема никогаш да успеете. Ако се сомневате во себе, како очекувате другите да не го прават тоа? Сè се може доколку се сака, не го заборавајте тоа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар