7 чоколадни декорации што ќе ги украсат вашите вкусни колачи

7 чоколадни декорации што ќе ги украсат вашите вкусни колачи

Некои велат дека првиот залак секогаш го правиме со очите. Секогаш ќе се одлучиме да изедеме нешто што на прв поглед ни изгледа примамливо и вкусно. Имајќи го тоа на ум, за да ги направите вашите десерти уште попримамливи, ви предлагаме 7 едноставни, но прекрасни декорации направени од чоколадо.

1. Чоколадни пеперутки

1-7-chokoladni-dekoracii-za-koi-nema-da-znaete-dali-se-poubavi-ili-povkusni-www.kafepauza.mk_

Ќе ви биде потребно:
  • Истопено чоколадо
  • Слаткарски шприц

1. Испечатете или нацртајте едноставен мотив, како што е пеперутка, на центарот на листот хартија и ставете го на отворена книга.

2. Ставете хартија за печење и со помош на шприцот (можете да искористите и ќесе за замрзнување на кое ќе му го исечете ќошот) нацртајте го мотивот со чоколадо. Со лесно затворање на книгата ќе направите крилата на пеперутката да бидат свиткани.

2. Рабовите на тортата како фолија со меурчиња

2-7-chokoladni-dekoracii-za-koi-nema-da-znaete-dali-se-poubavi-ili-povkusni-www.kafepauza.mk_

Ќе ви биде потребно:
  • Истопено чоколадо
  • Парче фолија со меурчиња

1. Измерете го обемот и висината на тортата и отсечете дел од фолијата.

2. Нанесете подебел слој чоколадо на фолијата и почекајте десетина минути пред да ја нанесете околу тортата.

3. Кога чоколадото ќе се стегне, внимателно одлепете ја фолијата.

3. Чоколадо во боите на виножитото

3-7-chokoladni-dekoracii-za-koi-nema-da-znaete-dali-se-poubavi-ili-povkusni-www.kafepauza.mk_

Ќе ви биде потребно:
  • Истопено црно и чоколадо во боја (кое ќе го направите од бело чоколадо и боја за храна)
  • Лешници

1. Најпрво нанесете го црното чоколадо на хартија во облик на правоаголник и потоа одозгора додајте неколку лажички обоено чоколадо.

2. Измешајте го чоколадото со стапче за скара и додајте мелени лешници одозгора, а потоа оставете го да отстои 1 час во фрижидер. Скршете ги парчињата и искористете ги како декорација за мафини.

4. Чоколадно јајце

4-7-chokoladni-dekoracii-za-koi-nema-da-znaete-dali-se-poubavi-ili-povkusni-www.kafepauza.mk_

Ќе ви биде потребно:
  • Растопено чоколадо
  • Балон

1. Истопеното чоколадо нанесете го на чинија како подлога. Надувајте го балонот и натопете го во остатокот од чоколадото.

2. Спуштете го балонот на чоколадната чинија и оставете да се излади.

3. Кога ќе биде зацврстено, дупнете го балонот и отстранете ги остатоците.

5. Листови нане од чоколадо

5-7-chokoladni-dekoracii-za-koi-nema-da-znaete-dali-se-poubavi-ili-povkusni-www.kafepauza.mk_

Ќе ви биде потребно:
  • Листови нане
  • Истопено чоколадо

1. Нанесете го чоколадото на едната страна од листот и почекајте да се излади.

2. Свртете го листот и внимателно излупете го од чоколадото.

6. Чоколадна шолја за чај

6-7-chokoladni-dekoracii-za-koi-nema-da-znaete-dali-se-poubavi-ili-povkusni-www.kafepauza.mk_

Ќе ви биде потребно:
  • Бело чоколадо
  • Разнобојни трошки за декорација
  • Силиконски калапи за мафини

1. Растопете го чоколадото и сипете го во калапите, а потоа разлијте го по краевите за да оформат облик.

2. Оставете го да се олади и потоа извадете го од калапите.

3. Натопете ги краевите во растопено чоколадо, а потоа во шарените трошки.

4. Од останатото чоколадо направете кругови кои ќе ви послужат како тацни и рачки.

5. Со помош на растопено чоколадо залепете ги рачките на шолјите, а шолјите на тацните. Наполнете ги со фил по избор.

7. Чоколадно јајце кое се топи

7-7-chokoladni-dekoracii-za-koi-nema-da-znaete-dali-se-poubavi-ili-povkusni-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • Растопено чоколадо
  • Балон

1. Надувајте го балонот, ставете го во чоколадото и оставете да се излади.

2. Кога ќе биде целосно цврсто, дупнете го балонот и отстранете ги остатоците.

3. Украсете го десертот, на пример со сладолед, и потоа прелијте го балонот со топла карамела.

Погледнете уште неколку идеи за декорирање на торти кои ќе ве направат да изгледате како вистински професионалец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар