7 активности кои се залудно трошење на вашето време

7 активности кои се залудно трошење на вашето време

Колку пати сте си помислиле дека подобро ќе сте завршеле некоја работа ако не сте трошеле време правејќи нешто друго? Иако речиси секој од нас е свесен за ова, ние продолжуваме да го трошиме нашето време на работи кои не го заслужуваат тоа.

7-raboti-koi-se-zaludno-troshenje-na-vasheto-vreme-kafepauza.mk

Сепак сме само луѓе и ни се случува да се измориме од постојаното мислење и планирање, и на крај да го поминеме денот гледајќи телевизија. Но, доколку сакате навистина да направите нешто, мора да престанете со залудното трошење време. За почеток, потребно е да знаете кои активности спаѓаат во трошење време.

1. Гледање телевизија

Секоја програма што сте ја гледале, барем во поголемиот број ситуации, било трошење на вашето време. Речиси сите канали нудат само бескорисни информации. Сигурно ви се има случено да ве праша некој дали сте изгледале некоја епизода (или филм) што се емитувале претходниот ден. Кога ќе одговорите со не, во следната можност која ќе ви се укаже, вие ја гледате епизодата. Размислете, дали навистина вредело да поминете цел час гледајќи ја таа епизода? Најчесто одговорот е не, и вие само залудно сте го потрошиле вашето време.

2. Почнување врска бидејќи не сакате да бидете сами

Ако сте започнале романтична врска поради оваа причина, треба да ви биде јасно дека само ќе го трошите вашето време. Само затоа што мислите дека сте осамени или затоа што ви е здодевно не значи дека треба да почнете врска со некого. Оваа постапка може само да го уништи и вашиот и животот на партнерот. Наместо тоа, излезете со пријателите, одете на кафе, разговарајте со некого…

3. Постојано сте достапни за сите

Не мора постојано да одговарате на сите повици и да им помагате на сите. Кога ја нудите вашата помош дури и онаму каде што не е потребна, луѓето ќе почнат да се „хранат“ од вас, а ова ќе ви го уништи животот. Се разбира, во ред е да помогнете, но само онаму каде што е потребно.

4. Престанете да се жалите

Жалењето е само трошење време. Кога имате проблем, насочете ја вашата енергија кон решавање на истиот наместо да им го раскажувате на сите. Жалењето нема да ви ја олесни ситуацијата, напротив може само да ја влоши. Ако не можете да направите ништо во врска со проблемот, прифатете го тоа и продолжете понатаму.

5. Престанете да ги задоволувате сите

Ако правите нешто што не го сакате само за да задоволите некој друг, веднаш престанете со тоа. На крајот ќе сфатите колку сте безнадежни бидејќи не правите работи кои ве прават среќни. Запомнете дека никој не може да ги задоволи другите ако тие не се среќни сами со себе.

6. Кажете му НЕ на озборувањето

Колку пати ви се има случено да судите или да критикувате некого? Ова е најдобриот начин залудно да го потрошите вашето време. Со озборувањето можете навистина да му наштетите некому, но и да ги натерате другите да мислат лошо за вас. Секогаш бидете искрени за своето мислење и ако не ви се допаѓа некој, едноставно немојте да разговарате со него. Озборувањето никогаш не треба да ви биде опција.

7. Смирете се и простете

Гневот нема да ви помогне во ништо. Ако некој ви згрешил нешто, разговарајте со него за тоа. Постои голема шанса личноста на која сте гневни воопшто да не ја знае причината, па вие само ќе ги трошите вашето време и енергија. Затоа простете и заборавете.

Сега е вистинскиот момент да одлучите што сакате да правите со вашиот живот. Ако имате цели кои сакате да ги постигнете, престанете залудно да го трошите времето и користете го продуктивно и на начин од кој ќе имате придобивки.

Ова се знаците кои покажуваат дека го трошите вашиот живот на погрешни работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар