6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

Детоксикацијата му помага на вашето тело да се ослободи од токсините, да се ослободи од вишокот килограми и да го зголеми нивото на енергија. Освен лимон и ѓумбир, постојат и некои други ефективни состојки што можете да ги додадете во водата, а сигурно ги имате дома.

1. Вода со нејодирана сол

6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

Солената вода го чисти дебелото црево и го лекува хроничниот запек. Исто така, клучно е да знаете дека на организмот му треба одредена количина сол, а невнесувањето сол во организмот не е некоја паметна одлука. Натриумот ви помага да ги одржувате нивото на крвниот притисок и правилното функционирање на нервите и на мускулите.

Пијте солена вода ако имате хроничен запек или ако чувствувате неправилни движења на дебелото црево.

Рецепт:

Измешајте 2 лажички нејодирана морска сол и 4 чаши топла вода.

Ако сакате да има подобар вкус, додајте малку лимон.

Пијте колку што е можно побрзо на празен стомак.

2. Вода со лук

6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

Современата наука ги потврдува многуте корисни здравствени придобивки поврзани со консумирањето лук. Може да го намали крвниот притисок, да се бори против болести, да го подобри нивото на холестерол и да го прочисти телото од тешки метали. Тоа се случува поради соединенијата на сулфур што ги добивате кога лукот се сечка, се гмечи или се џвака.

Но, за да ги добиете сите овие здравствени придобивки, не мора да го јадете, туку можете да направите пијалак.

Рецепт:

Земете 2 парчиња лук и исечкајте ги.

Почекајте 10 минути и потоа измешајте ги со 500 милилитри вода.

Оставете го да стои најмалку 2 часа.

3. Вода со јаболко и цимет

6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

Јаболкото и циметот може да ви помогнат да изгубите тежина и да го зајакнете метаболизмот. Мешањето на овие состојки ќе додаде некои важни антиоксиданти во вашата исхрана, вклучувајќи витамини Ц и Б.

Циметот има многу здравствени придобивки, вклучително и намалување на холестеролот и борба против дијабетесот.

Рецепт:

Исечете 2 јаболка. Додајте ги заедно со 2 стапчиња цимет во бокал со вода.

Потоа, ставете ја водата да стои еден час во фрижидер.

4. Вода со коцки мраз од краставица

6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

Ладен освежителен пијалок со вкус на краставица може да ви помогне ако сакате да ја прескокнете желбата да јадете нездрава храна. Тоа е природен антиоксидант и во една голема краставица има само 34 калории.

Рецепт:

Исечете парчиња краставица или направете коцки и замрзнете ги.

Додајте ги во водата кога чувствувате глад или жед.

Можете да додадете лимон или нане за да го подобрите вкусот.

5. Вода со црн пипер

6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

Црниот пипер е одлична состојка ако сакате да го прочистите вашето тело и да ја намалите тежината. Тој има антиоксидантни својства кои можат да помогнат во спречувањето на воспаленијата, предвремено стареење и срцеви заболувања. Покрај тоа, може да го подобри метаболизмот на шеќерот и да го намали нивото на холестерол.

Рецепт:

Набавете ги следниве состојки: половина лажица мелен црн пипер, 1 лажица рендан ѓумбир, 1 лажица мед, 1 лимон и 2 чаши вода.

Измешајте ги пиперот и ѓумбирот, па додајте го медот и измешајте.

Зовријте ја водата и истурете ја во чаши. Додајте една лажица од смесата во една чаша вода. Додајте сок од половина лимон (ако сакате лимон). Пијте додека водата е топла.

6. Вода со рузмарин

6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

Рузмаринот помага во подобрување на варењето на храната и на имунолошкиот систем. Научниците откриле дека рузмаринот може да биде добар за вашиот мозок и да функционира како еден вид невролошка заштита. Пиењето пијалак со ова растение во мали дози може да биде убава и корисна навика.

Рецепт:

Земете стебленце од свеж рузмарин.

Земете 1 лимон, отстранете ја кората и исечете го на парчиња.

Ставете ги парчињата лимон и рузмаринот во тегла од 900 милилитри.

Оставете го пијалакот да се лади во фрижидер најмалку 2 часа.

Прочитајте кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар